Интелигентно фотографирање

 

Дигиталните фото апарати Cyber-shot нудат голем избор на интелигентни функции за добивање на одлични резултати со минимален напор – оставајќи ве да уживате во моментот.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.
Автоматско избирање на најдобри поставувања за видео снимки и слики

Добијте најдобри поставувања за сцената

Почнувајќи од поставувања за слаба осветленост па сè до снимање видео снимки во движење, iAuto овозможува да се препуштите на моментот додека снимате резултати со висок квалитет. iAuto го олеснува снимањето на фотографии и видео снимки преку препознавање на опкружувањето и автоматско прилагодување на поставувањата за да одговараат на повеќе различни сцени.

Врвниот автоматски режим овозможува снимање на фотографии со DSLR квалитет без потреба од прилагодување на многу поставувања. Едноставно поставете го вашиот Cyber-shot на врвен автоматски режим и тој ќе сними серија од повеќе слики кои ќе ги комбинира во една слика со оптимален фокус и експозиција за резултати со повисок квалитет.

Дознајте за iAuto и врвниот автоматски режим

Додадете дефокусирање на позадина и висок контраст на фотографиите

Едноставно создавање на фотографии со прекрасен DSLR стил

Создавајте совршени композиции без потреба од скапи објективи или сложени поставувања на фото апаратот. Дефокусирањето на позадината ви овозможува да се фокусирате на објектот и да додадете заматување со природен изглед на фотографиите. Само изберете едно од трите нивоа на заматување на позадината и вашиот фото апарат автоматски ќе се погрижи за останатото.

Со Cyber-shot лесно може да снимате детали при висок контраст помеѓу темните и светлите површини. Високиот динамички опсег снима две снимки од истата сцена и автоматски ги спојува сликите во една снимка со совршена експозиција.

Дознајте повеќе за дефокусирање на позадината

Снимајте насмеани лица и автопортрети со Cyber-shot

Снимајте насмеани лица – вклучувајќи го и вашето

Cyber-shot ќе ви го олесни фотографирањето на лица и насмевки – па дури и фотографии од вас. Блендата со функција за насмевки автоматски фотографира кога луѓето се насмевнуваат. Тоа е идеално за снимање на спонтани и природни насмевки и овозможува да ги снимите луѓето кога изгледаат најдобро.

Функцијата за откривање на лице препознава до осум лица во една сцена, и деца и возрасни, и автоматски ги прилагодува поставувањата за добивање на најдобри резултати. Можете и да го завртите фото апаратот кон вас и некој пријател, а тајмерот за автопортрет автоматски ќе открие кога сте на вистинското место и ќе сними совршен портрет.

Погледнете како функционира блендата со функција за насмевки

Дознајте повеќе за тајмерот за автопортрети

Снимајте повеќе кога сте на одмор со водоотпорен дигитален фото апарат

Снимајте насекаде и означете го местото

Набавете компактен дигитален фото апарат Cyber-shot кој е отпорен на вода и удар - и ќе бидете подготвени за сите предизвикувачки локации. Фотографирајте под вода на длабочини до 3 метри (10 стапки) или на скијачките терени на ниски температури до -10º C (14º F). Цврстиот, стилски и водоотпорен Cyber-shot е идеален придружник при патувањата.

Одредете ја рутата на вашите патувања од одморите или покажете им на пријателите и семејството точно каде сте биле со вашиот Cyber-shot со вграден GPS уред. Можете автоматски да вметнувате гео-ознаки во вашите фотографии со точната локација, а интернет мапите ќе прикажат дури и во кој правец сте биле свртени кога сте ја снимиле фотографијата.

Повеќе за фото апаратите кои се отпорни на вода и удари

Секвенцијалниот режим и брзиот автомат.фокус снимаат динамични движења

Имајте детален преглед на динамичните движења

Снимете ги деталите од вашиот замав во голф или вашата фудбалска техника. Со поголема брзина на блендата во споредба со многу професионални DSLR фото апарати, секвенцијалниот режим на вашиот Cyber-shot претставува одличен начин за снимање на деталите од динамичните движења. Едноставно притиснете го копчето за бленда и снимете фотографии со 10 слики во секунда.

Никогаш нема да ја пропуштите акцијата со новиот автоматски фокус со брзина од 0,1 секунда кај одредени Cyber-shot дигитални фото апарати. Фокусирајте го вашиот објект брзо и прецизно во голем опсег на услови и бидете подготвени да го доловите моментот.

Cyber-shot апарати со интелиген. функции

DSC-TX100V

DSC-TX100V
  • 16,2 милиони точки
  • 4x ОптичкиЗум
  • 8,8 см / 3,5"  Clear Photo LCD plus
  • 25мм широкоаголен објектив

 

DSC-WX5

DSC-WX5
  • 12,2 милиони точки
  • 5x ОптичкиЗум
  • 7 см / 2,8"  Clear Photo LCD Plus

 

DSC-WX7

DSC-WX7
  • 16,2 милиони точки
  • 5x ОптичкиЗум
  • 7 см / 2,8"  Clear Photo LCD plus
  • 25мм широкоаголен објектив

 

DSC-TX9

DSC-TX9
  • 12,2 милиони точки
  • 4x ОптичкиЗум
  • 8,8 см / 3,5"  Xtra Fine LCD екран
  • 25мм широкоаголен објектив

 

DSC-HX7V

DSC-HX7V
  • 16,2 милиони точки
  • 10x ОптичкиЗум
  • 7,5 см / 3"  Xtra Fine LCD екран
  • 25мм широкоаголен објектив

 

DSC-WX50

DSC-WX50НОВО
  • 16,2 милиони точки
  • 5x ОптичкиЗум
  • 6,7 см / 2,7"  Clear Photo LCD plus
  • 25мм широкоаголен објектив

 

DSC-HX9V

DSC-HX9V
Достапен на:
  • 16,2 милиони точки
  • 16x ОптичкиЗум
  • 7,5 см / 3"  Xtra Fine LCD екран
  • 24мм широкоаголен објектив

 

DSC-TX10

DSC-TX10
  • 16,2 милиони точки
  • 4x ОптичкиЗум
  • 7,5 см / 3"  Xtra Fine LCD екран
  • 25мм широкоаголен објектив

 

DSC-HX100V

DSC-HX100V
  • 16,2 милиони точки
  • 30x ОптичкиЗум
  • 7,5 см / 3"  Xtra Fine LCD екран
  • 27мм широкоаголен објектив

 

 
 
 
 
 

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста