-
На почеток
-
>
Сите Sony производи
- > Дигитални апарати | Компактен фото апарат Cyber-shot: Sony
- > Фотографирајте панорамски сцени во 3D
- > Дигитални апарати | Компактен фото апарат Cyber-shot: Sony
Фотографирајте панорамски сцени во 3D
Што ги прави Cyber-shot™ апаратите толку единствени?
|
|
Снимајте панорамски погледи во 3DСнимајте панорамски 3D слики со вашиот Cyber-shot фото апарат со само едно движење на раката, а потоа прикажете ги на компатибилен 3D телевизор и ќе бидете воодушевени од длабочината, јасноста и реалистичноста. Ова е вистинско 3D фотографирање, благодарение на компактниот фото апарат со еден објектив – прв во светот од Sony. Дознајте повеќе за 3D режимот на панорама
|
Снимајте совршени портрети со дефокусирање на позадинатаПривлечното заматување на позадината со природен изглед е една од карактеристиките на професионалното DSLR фотографирање. Сега оваа функција може да ја додадете на вашите фотографии и да создадете совршени композиции без потреба од скапи објективи или сложени поставувања на фото апаратот. Едноставно изберете од трите нивоа на заматување на позадината – вашиот фото апарат автоматски ќе се погрижи за останатото.
|
|
|
Уживајте во 3D фотографии за моментФункцијата за движење во повеќе агли кај неколку нови Cyber-shot фото апарати овозможува снимање и споделување на 3D слики од вашите пријатели користејќи ја уникатната технологија за репродукција на фото апаратот. Вртејќи го фото апаратот од лево кон десно ја анимира сликата на LCD екранот од вашиот фото апарат и ви нуди реално чувство на конечниот изглед на 3D сликата - без потреба од 3D телевизор или 3D очила. Дознајте повеќе за движењето во повеќе агли
|
Имајте преглед на вашите објектиФокусот со следење ви овозможува да изберете објект на вашиот LCD екран, кој фото апаратот ќе го следи во фокус, дури и ако вие или вашиот објект се движите. На тој начин можете слободно да се концентрирате на избирањето на совршени поставувања за вашата слика, без повторно да се грижите за фокусот: совршено за фотографирање на деца кои никогаш не стојат на едно место.
|
Снимајте High Definition (HD) видео записиСо еден допир вашиот Cyber-shot ќе започне со снимање на Full HD видео содржини, така што вие ќе можете да ги доловите посебните моменти со богати бои, остри детали и природни тонови на кожата. Споделете ги вашите снимки преку поврзување на вашиот Cyber-shot со BRAVIA Full HD телевизор за неверојатно доживување при гледањето. Дознајте повеќе за HD снимањето
|
Снимајте исклучително широки панорамиРежимот на панорама ви овозможува снимање на неверојатни ултра широки агли без потреба од дополнителен објектив. Така, без разлика дали треба да снимите широки пејзажи, голема група на луѓе или висока кула, само движете го фото апаратот низ сцената и препуштете му на режимот на панорама да ги спои секвенцијалните слики за создавање на извонредни хоризонтални или вертикални панорами. Дознајте повеќе за режимот на панорама
|
Одлични фотографии при мала осветленостФотографирањето во услови на мала осветленост е навистина тешко бидејќи снимките имаат зрнеста текстура и недостаток на детали. Со Exmor R™ CMOS сензорот вашиот Cyber-shot фото апарат прифаќа повеќе светлина и ја елиминира потребата од користење на јаката светлина од блицот. Дознајте повеќе за Exmor R™ CMOS сензорот
|
Едноставно преснимување на интернет од вашиот компјутерУпотребата на Picture Motion Browser (PMB) софтверот кој се испорачува со вашиот Cyber-shot претставува одличен начин за прегледување на снимките и нивно организирање во албуми. Софтверот исто така ви овозможува брзо и едноставно споделување на снимките преку интернет. Дознајте повеќе за PMB софтверот
|
Снимајте совршени насмевкиСо блендата со функција за насмевки вие секогаш ќе можете да снимате во совршениот момент, бидејќи вашиот Cyber-shot автоматски ќе ја сними фотографијата кога некое лице ќе се насмевне. Ова е одлично за снимање на спонтани и природни насмевки, при што портретите изгледаат извонредно. Освен тоа, употребата е неверојатно едноставна и забавна. Дознајте повеќе за блендата со функција за насмевки
|
|
|
|
Пешачете, зумирајте и снимајтеЗаматеноста на сликата која е предизвикана од тресењето на рацете е една од најчестите причини за разочарувачките резултати. Отсега со оптичкиот Steady Shot активен режим можете да добиете незаматени снимки и драматично да го намалите тресењето на фото апаратот (дури и додека се движите) до 10x, во споредба со конвенционалните стабилизатори на сликата.
|
Мапа на вашите спомениСо новиот вграден GPS на вашиот Cyber-shot, во вашите фотографии автоматски се вметнуваат ‘гео-ознаки’ со локацијата каде биле снимени. Потоа, откако ќе го поврзете вашиот Cyber-shot на PC, ќе можете на мапа да погледнете точно каде фотографиите била снимени и во која насока сте биле завртени.
|
Добијте совршена експозиција при секој обидВисокиот динамички опсег го решава проблемот на фотографирањето сцени со висок контраст помеѓу темните и светлите делови преку снимање со две експозиции на сликата – една прекумерна експозиција за снимање на деталите во сенките и една недоволна експозиција за снимање на деталите во силно осветлените делови. Вашиот Cyber-shot потоа автоматски ќе направи комбинација од двете слики за добивање совршена експозиција.
|
Повеќе Cyber-shot особини
Автоматско откривање на лицатаСо функцијата за автоматско откривање на лице вашиот Cyber-shot може да препознае до осум лица во секоја сцена, автоматски прилагодувајќи го фокусот, експозицијата, балансот на белата боја и блицот заради добивање на врвни резултати. Можно е дури и правење разлика помеѓу децата и возрасните.
|
Совршен автопортретОбликувањето на кадарот кај автопортретите може да биде незгодна задача бидејќи тешко е да се процени дали сте добро поставени во кадарот кога фото апаратот ќе го насочите кон вас. Cyber-shot фото апаратите со новиот тајмер за автопортрети автоматски детектираат дали вие, или пак вие и некој пријател, сте правилно поставени во кадарот за добивање на совршен портрет. Дознајте повеќе за автопортрет
|
Sony G објективОригинално развиен за Sony DSLR фото апаратите, G објективот е особено ценет од професионалните фотографи кои инсистираат на користење најдобра опрема, од која всушност и им зависи заработувачката. Овој асферичен објектив со високи перформанси отсега се вградува во одредени Cyber-shot фото апарати и нуди исклучителна прецизност.
|
Carl Zeiss® објективУште од 1846, Carl Zeiss® ги поставува стандардите за оптика со исклучителен квалитет. Со Carl Zeiss® објектив во вашиот Cyber-shot, вие ќе можете да уживате во беспрекорна резолуција, живописни бои и ултра мало изобличување при сите поставености на зумот, од широкоаголно до телефото.
|
"Замрзнете" ги подвижните сцениСо поголема брзина на блендата во споредба со многу професионални DSLR фото апарати, секвенцијалниот режим на вашиот Cyber-shot претставува одличен начин за снимање на деталите кај сцените со движење. Едноставно притиснете го копчето за бленда за да снимите неверојатни 10 слики во секунда, што е совршено доколку сакате на пр. да го анализирате вашиот голф удар.
|
|
