Македонија (Промена) | Професионални производи

 

Што има ново во светот на Cyber-shot™?

 

Што има ново во светот на Cyber-shot™?

 

Најновите Cyber-shot модели вклучуваат напредна технологија за обработка на слика за добивање врвни фотографии при секој обид. 3D режимот на панорама ви овозможува снимање на извонредни панорамски 3D фотографии, а Exmor R™ CMOS сензорот ги подобрува можностите за фотографирање и значително го олеснува фотографирањето при мала осветленост.

Најнови Cyber-shot особини

Зголемено уживање при фотографирањето со дефокусирање на позадината

Снимете 3D панорама

3D режимот на панорама ви овозможува снимање на широкоаголни, панорамски слики за секоја сцена – од пејзажи до семејни собири – во неверојатно 3D со едно притиснување на копче. Иднината на фотографирањето е веќе присутна.

Прочитајте за 3D режимот на панорама

Дефокусирање на позадина: за совршени портрети

Добијте изглед како професионалните DSLR фотографии со заматување на позадината со природен изглед, кое автоматски се додава на вашите портрети или снимки одблизу. Дефокусирањето на позадината ви нуди избор од три нивоа на заматување за совршени композиции.

Снимајте со движење во вашите панорамски фотографии

Снимајте неверојатни панорами дури и кога луѓето или објектите се движат на фотографијата. Снимете ги сите ваши пријатели во преполн ресторан и препуштете му на интелигентниот режим на панорама да изврши спојување на фотографиите без никакво заматување.

Повеќе за интелигентниот режим на панорама

Снимајте High Definition (HD) видео

Со притиснување на едно копче вашиот Cyber-shot може да се префрли на снимање 1080i HD видео содржини, при што се добиваат 5x повеќе детали во однос на обичната стандардна дефиниција (SD). Дури ќе можете и да вршите зумирање за време на снимањето.

Повеќе за High Definition снимањето

Снимајте неверојатни слики дури и при слаба осветленост

Со Exmor R CMOS сензорот вие ќе можете да снимате врвни фотографии во секакви услови, дури и при слаба осветленост. Нема потреба да се грижите околу зрнестите текстури или шумот на сликите и нема да морате непотребно да го користите блицот.

Повеќе за Exmor R™ CMOS сензор

Врвни резултати при влажни и ладни услови

Понесете го со себе вашиот Cyber-shot на места каде другите фото апарати не можат да отидат. Со конструкцијата која е отпорна на вода, удар, мраз и прав во комбинација со тенкиот и стилски дизајн, вие сте подготвени за неверојатни резултати каде и да појдете.

Повеќе за особините за отпорност на вода и отпорност на удар