Македонија (Промена) | Професионални производи

 
 

Запознајте се со галантеријата за Cyber-shot™

 

Без разлика каков е вашиот животен стил и потребите за снимање, вие ќе можете да извлечете повеќе од вашиот Cyber-shot со помош на одличната палета на достапна галантерија. Во широкиот избор се вклучени стилските торбички кои ќе го заштитат вашиот Cyber-shot, неверојатните торбички кои ќе ви овозможат подводно снимање фотографии, палетата на батерии, стативи и да не го заборавиме неверојатниот Party-Shot™ - вашиот личен фотограф.

Препорачана галантерија за Cyber-shot фото апарати

Торбичка за вашиот Cyber-shot

Вие со сигурност ќе посакате да го понесете вашиот Cyber-shot насекаде со вас, затоа поседувањето на торбичка е одличен начин за заштита на прекрасниот дизајн од удари и гребнатини. Достапна е торбичка од практично нескршлив поликарбонат која ќе го заштити вашиот фото апарат дури и во вода, а за оние на кои стилот им е најважен постои модел од елегантна црвена кожа. Од големиот избор на стилови, вие со сигурност ќе пронајдете некој кој ви одговара.

Разгледајте ги Cyber-shot торбичките

Одличен начин за прикажување на вашите фотографии

Прикажете ги сите одлични фотографии кои сте ги снимиле со вашиот Cyber-shot на стилска S-Frame дигитална фото рамка. Складирајте до 3000 од вашите најдобри слики, креирајте персонализирани слајд шоу презентации и потоа прикажувајте ги вашите снимки на големиот екран со висока резолуција – дури ќе можете да вршите дотерување на снимките за добивање на совршена слика. S-Frame рамките се достапни во широк избор на големини и завршници.

Погледнете ги S-Frame дигиталните фото рамки

Едноставно снимање на дискови со DVDirect

За едноставно споделување или складирање на фотографиите и видео записите кои ќе ги снимите со вашиот Cyber-shot, едноставно поврзете го апаратот со вашиот DVDirect и преснимете ги содржините директно на DVD – нема потреба од PC или дополнителен софтвер. Поврзете го вашиот фото апарат, притиснете на копче и DVDirect ќе се погрижи за останатото.

Запознајте се со DVDirect

Запознајте се со галантеријата за Cyber-shot

 
 
Галантерија