Тајмер за автопортрет

 

Снимањето автопортрет може да биде успешно и неуспешно. Сега, со тајмерот за автопортрет на Cyber-shot™, одличните резултати се секогаш загарантирани. Само изберете го тајмерот кој ќе ве фотографира само вас или, пак, заедно со некој пријател, и прекрасно насмевнете се знаејќи дека вашиот дигитален фото апарат е поставен да направи сè како што треба.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.
Насмеани девојки, подготвени да бидат снимени со тајмер за автопортрет

Не пропуштајте ги моментите за паметење

Снимањето автопоретрети не е лесна задача. Дали ве има на фотографијата? Дали сте во фокусот? Ќе се насмевнете ли во вистинскиот момент? Сега нема потреба да се грижите дека фото апаратот ќе сними само половина од фотографијата. Едноставно поставете го тајмерот за автопортрет на вашиот Cyber-shot фото апарат и тој ќе открие кога вие или вие и некој ваш пријател сте пред фото апаратот и ќе се фокусира на лицата за секогаш да сними неверојатна фотографија.

Брачен пар користи тајмер за автопортрет за снимање заеднички момент

Погледнете во фото апаратот, не во визирот

Тајмерот за автопортрет користи интелигентна технологија за откривање лица која точно препознава кога сте на вистинското место. Веќе нема потреба да се справувате со контролите или балансирање на фото апаратот на чудни места. Само опуштете се, фокусирајте се да изгледате одлично и дозволете му на вашиот Cyber-shot фото апарат да ја сними фотографијата во моментот кога изгледате најдобро.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Едноставно снимете слики од вас и вашите пријатели

Тајмерот за автопортрет е едноставен за користење. Со само едно притиснување на копчето за тајмерот може да изберете дали ќе снимате автопортрет за 1или 2 лица. Застанете пред фото апаратот и светлото за тајмерот од предната страна ќе трепне кога или вие или, пак, вие и вашиот пријател ќе бидете во совршен фокус и ќе започне одбројување од 2 секунди. Насмевнете се и уживајте во моментот: вашиот Cyber-shot фото апарат ќе создаде посебно сеќавање кое многупати ќе го споделите со вашите пријатели.

Погледнете ја разликата

Пример за автопортрет на кој недостасуваат луѓе на фотографијата
Пример на кој тајмерот за автопортрет прави совршен кадар на објектите

Пред

Без тајмерот за автопортрет постои ризик вие или вашиот пријател да не бидете во кадар кога фото апаратот ќе се фокусира на нешто. Резултатот претставува фотографии на кои неуспешно се снимени објектите, изразите на лицата и атмосферата во моментот.

Потоа

Тајмерот за автопортрет автоматски го прилагодува фокусот пред да ја сними фотографијата. Тој ќе се погрижи вашиот автопортрет да биде во совршен кадар и може да се опуштите знаејќи дека фото апаратот ќе ги сними лицата и изразите на лицата со врвен квалитет.

Изберете го вашиот Cyber-shot

  1. Најпродавани производи
  2. 18,2 MP
  3. Моќен зум
  4. Full HD видео снимки
  5. Водоотпорни

DSC-WX100

DSC-WX100НОВО

  • 18,2 милиони точки
  • 10x ОптичкиЗум
  • 6,7 см / 2,7"  TFT ClearPhoto
  • 25мм широкоаголен објектив

 

DSC-HX20V

Достапен во:

DSC-HX20VНОВО

  • 18,2 милиони точки
  • 20x ОптичкиЗум
  • 7,5 см / 3"  TFT Xtra Fine Trublack екран
  • 25мм широкоаголен објектив

 

 
 
 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста