PMB (Picture Motion Browser) софтвер

 

PMB (Picture Motion Browser) софтверот кој се испорачува со вашиот Cyber-shot™ е практичен PC пакет кој ќе ви овозможи да ги пронајдете и организирате вашите омилени слики за неколку моменти. Испратете ги сликите на пријател преку e-mail или преснимете ги и споделете ги на интернет со само неколку кликнувања. Не постои подобар начин за добивање одличен преглед врз сите ваши омилени спомени снимени со вашиот Cyber-shot.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Организирајте, уредувајте и споделувајте ги вашите омилени спомени

Режимот на календар ви овозможува пребарување по конкретен датум

Олеснета употреба со помош н календар

Режимот на календар во PMB (Picture Motion Browser) софтверот врши мапирање на вашите фотографии на календар, помагајќи ви да го идентификувате точниот датум кога сте ја направиле секоја снимка. Во прегледот вашите слики ќе бидат прикажани во минијатурен облик на горната страна од секој календарски ден – исто така можете да кликнете на единечен датум за да ги погледнете сликите кои сте ги снимиле тој ден.

Пронајдете ги сите фотографии со одредено лице

Пронајдете одредено лице во толпата

Можете да го користите вашиот PMB софтвер за посочување на одредено лице во вашите фотографии и пребарување на целата ваша збирка за слики кои го содржат тоа лице. Едноставно кликнете на некоја снимка со саканото лице, кликнете на иконата за "пребарување на лице" и ќе се прикажат сите слики на кои го има тоа лице.

Едноставна конверзија на сликата за споделување

Споделете ги спомените

PMB софтверот ви овозможува сликите и видео записите да ги снимите на диск или да ги испратите на пријателите со само неколку кликнувања со глувчето. Пред испраќањето фајловите автоматски се компресираат за да се намали големината на прикачениот фајл. Исто така, сосема е едноставно и преснимувањето на фотографии и видео снимки на популарните веб-страници за споделување како Picasa™, Flickr™, Facebook™ и YouTube™*.

Кликнете тука за превземање на најновата верзија на PMB софтверот

Добијте го PMB Portable директно од вашиот фото апарат

PMB (Picture Motion Browser) Portable

За да ви го направат животот полесен кога не сте дома покрај вашиот PC, сите нови Cyber-shot фото апарати од 2010 година ќе се испорачуваат со вграден PMB Portable софтвер. PMB Portable претставува мини верзија на PMB софтверот која ви овозможува префрлање и преснимување на фотографиите без да биде потребно да инсталирате друг софтвер. Едноставно поврзете го вашиот Cyber-shot на кој било компјутер (Windows или Mac®) и споделете ги вашите фотографии и видео записи на интернет. Тој е совршен за празници или патувања.

Важна информација

Поради спецификациите на безбедносната контрола, подобрувањата на некои оперативни системи со кои се блокираат штетните програми од надворешни медиуми како што е USB мемориски уред, програмите кои се активираат од USB уредот, како што е PMB Portable, повеќе нема да бидат во листата на AutoPlay wizard.

Ова се оперативните системи кои се засегнати со горенаведените подобрувања:

  • Windows 7
  • Windows Vista (со применет безбедносен програм со дополнување)
  • Windows XP (со применет безбедносен програм со дополнување)

Кликнете тука за да дознаете повеќе

* YouTube и Picasa се трговски марки на Google Inc. Facebook е трговска марка на Facebook, Inc.

Изберете го вашиот Cyber-shot

  1. Најпродавани производи
  2. 18,2 MP
  3. Моќен зум
  4. Full HD видео снимки
  5. Водоотпорни

DSC-WX100

DSC-WX100НОВО

  • 18,2 милиони точки
  • 10x ОптичкиЗум
  • 6,7 см / 2,7"  TFT ClearPhoto
  • 25мм широкоаголен објектив

 

DSC-HX20V

Достапен во:

DSC-HX20VНОВО

  • 18,2 милиони точки
  • 20x ОптичкиЗум
  • 7,5 см / 3"  TFT Xtra Fine Trublack екран
  • 25мм широкоаголен објектив

 

 
 
 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста