Exmor R™ CMOS Sensor

 

Снимајте детални фотографии дури и при слаба осветленост со Exmor R™ CMOS сензорот во најновиот дигитален фото апарат Cyber-shot и уживајте во слики со извонреден квалитет и низок шум при секакви услови за снимање.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.
Exmor R™ CMOS сензор за слики со мал шум

Одлични снимки, дури и при слаба осветленост

Снимање на Full HD видео снимки со неверојатни детали и фотографии со врвен контраст, богати бои и мал шум благодарение на Exmor R™ CMOS сензорот со висока резолуција. Тој е одличен во сите услови, особено во затемнети ентериери и атмосферски моменти на самрак при рачно фотографирање без блиц.

Погледнете ја разликата

Exmor R™ CMOS сензор за одлични резултати во секакви сцени

Технологијата на Exmor R™ CMOS сензори ви овозможува снимање на амбиентални портрети и надворешни сцени без потреба од блиц. Двојно почувствителен на светлина од конвенционалните сензори, Exmor R™ CMOS сензорот во Cyber-shot снима HD видео снимки и фотографии во недоволно осветлени услови, при кои другите фото апарати имаат потешкотии. Сега нема потреба да користите блиц, дури и кога фотографирате рачно при слаба осветленост. Ќе добиете врвни резултати и во затворени простории и надвор, од пејзажи и градски сцени до опуштени портрети од семејството и пријателите. Погледнете ја разликата и самите:

Ефикасниот дизајн на Exmor R™ CMOS сензорот доловува повеќе светлина

Како тоа функционира

Колку повеќе светлина паѓа на сензорот за слика на фото апаратот, толку подобро. Голем проблем кај конвенционалните сензори е мрежата од тенки жици која се простира низ површината на сензорот и е чувствителна на светлина, а пренесува мали електрични импулси до и од секоја точка.

Овие жици имаат огромно значење, но кај обичните фото апарати тие делумно ја спречуваат светлината која паѓа на самиот сензор. Помалку пропуштена светлина значи дека фото апаратот треба електронски да ги засили сигналите. На тој начин се предизвикува "шум" кој може да се види како заматени слики со зрнеста текстура. Тоа е најочигледно при слаба осветленост, кога сигналите треба посилно да се засилат.

Технологијата на Exmor R™ CMOS сензори кај фото апаратите Cyber-shot применува интелигентен дизајн за прикривање на овие електрични жици околу задниот дел на сензорот. Благодарение на поголемото количество на светлина која паѓа директно на сензорот, потребно е помало засилување на слабите сигнали. Тоа овозможува помал шум на сликата – и фотографии и HD видео снимки со природен изглед и помал шум, дури и кога осветленоста е многу слаба.

Изберете го вашиот Cyber-shot

DSC-HX20V

Достапен во:

DSC-HX20VНОВО

  • 18,2 милиони точки
  • 20x ОптичкиЗум
  • 7,5 см / 3"  TFT Xtra Fine Trublack екран
  • 25мм широкоаголен објектив

 

DSC-HX200V

DSC-HX200VНОВО

  • 18,2 милиони точки
  • 30x ОптичкиЗум
  • 7,5 см / 3"  TFT Xtra Fine Trublack LCD екран
  • 27мм широкоаголен објектив

 

 
 
 
 
 

Погледнете ги сите фото апарати

Погледнете ја целосната палета на компактни фото апарати Cyber-shot од Sony и пронајдете го вистинскиот модел за вас.

Погледнете ги сите фото апарати Cyber-shot

Дали веќе поседувате Cyber-shot?

Доколу поседувате фото апарат Cyber-shot и ви треба поддршка, ние ви нудиме помош при рака.

Добијте помош за вашиот Cyber-shot

 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста