Како да ги поврзете вашите уреди

 

Понесете ја вашата музичка збирка кога патувате: во зависност од моделот на стерео уредот за автомобил кој го поседувате, ќе можете да го приклучите вашиот iPod, iPhone, WALKMAN® или друг музички плеер и да уживате во богат звук во автомобилот. Доколку вашиот стерео уред за автомобил има USB приклучок, ќе можете да приклучите и флеш уред.

Безжично поврзување со Bluetooth®.

Стерео Bluetooth®

Ако имате мобилен телефон со стерео Bluetooth®, ќе можете да ги репродуцирате песните складирани во него преку вашиот стерео уред за автомобил со Bluetooth®. Исто така, ќе можете безбедно да одговарате на повици, бидејќи вашиот стерео уред да изврши пренасочување кон комплет за користење без рацете. Нема да ви бидат потребни кабли: само активирајте Bluetooth® на вашиот телефон.

Поврзете го вашиот iPod и iPhone.

Произведени за iPod, iPhone

Поврзете, контролирајте и дополнувајте го вашиот iPod или iPhone додека возите со помош на одредени стерео уреди за автомобил. Поврзете го вашиот iPod или iPhone преку USB, потоа едноставно изберете ги омилените песни или изведувачи со помош на контролите на стерео уредот за автомобил и репродуцирајте ги со врвен квалитет на звукот. Побарајте го логото Произведени за iPod во нашата палета.

Поврзете го вашиот музички плеер и USB флеш уред.

USB

Приклучете го вашиот MP3 плеер преку USB приклучокот или донесете ја вашата музика од домот на флеш уред. Некои наши плеери имаат два USB приклучоци кои ќе ви понудат уште повеќе музика. Исто така, можете да ја полните батеријата на MP3 плеерот додека патувате.

Поврзете ја вашата музика преку Aux-влез.

Aux-влез

Приклучете го вашиот музички плеер со стерео уредот во автомобилот преку приклучокот за Aux-влез на предниот дел од главниот уред. За да го направите тоа ќе ви биде потребен кабел со стерео приклучок од 3,5мм. Исто така, ќе можете да проследувате звук од вашиот DVD/видео систем за во автомобил директно во стерео уредот.

 

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста