Дизајнирани за возење

 

Кога возите не треба да ви се одвлекува вниманието. Без разлика дали станува збор за безжични повици, пребарување музика која одговара на вашето расположение со допир на едно копче или само сакате да видите кој е зад вас, нашата забава за во автомобил е дизајнирана да ги олесни едноставните работи, но и да го направи вашето патување побезбедно.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.
Bluetooth® за проследување на музика и примање на безжични повици.

Едноставно поврзување со Bluetooth®

Едноставно и безбедно одговарање на повици и проследување на музика додека возите, со безжично поврзување на вашиот телефон или музички плеер со главниот уред.

Изберете осветлување кое одговара на вашиот главен уред.

Усогласете го стилот на осветлување во автомобилот со главниот уред

Надополнете го осветлувањето во вашиот автомобил со осветлувањето на главниот уред со помош на осветлувачот со динамични бои. Благодарение на изборната синхронизација на звук, вашата музика може да ги промени дури и боите на панелот на главниот уред.

SensMe™ ги подредува песните да одговараат на вашето расположение.

Усогласете го расположението при возењето со музиката со SensMe™

Дали заглавивте во сообраќајот? Пуштете тивка музика. Дали возите по автопат? Време е за нешто подинамично. Нема потреба да пребарувате песни додека возите благодарение на SensMe™, кој автоматски ја групира вашата музичка колекција во тематски канали, нудејќи ви совршен начин да уживате и да ја управувате вашата музика при возењето.

Пребарувајте музика без пречки со Quick BrowZer™ и ZAPPIN™.

Quick-BrowZer™ и ZAPPIN™

Задржете ја концентрацијата на патот пред вас додека ја пребарувате музичката колекција со Quick-BrowZer™ и ZAPPIN™. Пронајдете музика по артист, албум, жанр, песна или листа за репродукција со помош на Quick-BrowZer™ или, пак, пронајдете ги омилените песни на едноставен начин со ZAPPIN™, кој овозможува репродукција на краток дел од секоја песна за да го олесни изборот на песни.

Камерата за гледање наназад ви нуди дополнителна видливост.

Камера за гледање наназад

Чувствувајте се безбедно и сигурно кога видливоста е ограничена, особено во поголеми возила. Камерата за гледање наназад XA-R800C се поврзува со вашиот систем на контролната табла за добивање на целосна, јасна видливост дури и зад вашето возило. Исто така, ќе можете да го сместите автомобилот и во тесните паркинг места во градот, благодарение на широката видлива површина и прилагодливите упатства за паркирање.

 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста