Имајте ја вашата музика при рака каде и да одите: лесно можете да го поврзете вашиот MP3 плеер, iPod, iPhone, WALKMAN® или USB уред со стерео уредот во автомобилот – само приклучете го и репродуцирајте ги омилените песни. А благодарение на нашите CD плеери, ќе можете да ја земете и вашата колекција на дискови.
Отстранете го нередот во автомобилот со лежиштето на извлекување
Кажете збогум на нередот и непрегледните кабли. Безбедно приклучување на вашиот музички плеер или USB уред во лежиштето на извлекување – уредно сокриен оддел зад предниот панел на главниот уред. Нуди компатибилност со музички плеери меѓу кои и iPod Classic, iPod Touch, iPod nano и WALKMAN®.
MP3, Bluetooth® и многу повеќе...
Понесете ја целата музичка колекција со вас на патувањата. Поврзете го вашиот MP3 плеер или USB уред или, пак, уживаjте во проследување на музика од вашиот мобилен телефон преку Bluetooth®. Со помош на ZAPPIN™ ќе ги најдете саканите песни и ќе ги усогласите со вашето расположение благодарение на SensMe™.
Два USB приклучоци
Уживајте во уште повеќе музика со помош на дополнителниот USB приклучок за поврзување на музички плеер, Smartphone уред или флеш уред додека другиот ваш плеер е поврзан преку лежиштето на извлекување.
Репродукција на вашите CD и DVD дискови
Дали ги сакате вашите CD дискови? Слушајте ја вашата колекција додека патувате и добијте уште повеќе од омилените песни, користејќи го DVD плеерот за да уживате во музичките видео записи. DVD плеерот е одличен и за гледање филмови кога вашиот автомобил е паркиран.