Забава за во автомобил

null
 

Многу повеќе од стерео уред за автомобил

 
Екран за сателитска навигација TomTom® за во автомобил.
Екран на допир за мултимедиумска контрола на дофат на вашите прсти.

Сателитска навигација за во автомобил

Нашите вградени системи за сателитска навигација нудат многу повеќе од едноставни информации за рутите. Ќе можете да уживате во првокласна навигација со TomTom®, музика, Google™ и екран на допир за слики со висока резолуција – сето тоа на контролната табла.

Дознајте за сателитската навигација

Мултимедија за во автомобил

Извлечете максимум од вашето патување со нашите мултимедиумски уреди за во автомобил. Чувајте ја музиката и навигацијата на дофат на вашите прсти со живописниот и широк екран на допир, пронајдете ги брзо омилените песни и создадете мелодија која ќе одговара на вашето расположение – врвна забава за во автомобил.

Погледнете мултимедиумски уреди за во автомобил

Дигитални музички ресивери за поврзување на MP3 плеери и слично.
CD плеери за во автомобил за слушање на омилените песни.
Звучници и засилувачи за создавање на идеален звук во автомобилот.

Дигитални медиумски ресивери

Приклучете го вашиот MP3 плеер и уживајте во чист и остар звук. Нашите дигитални мултимедиумски ресивери можат да се поврзат со iPod, iPhone и WALKMAN® – а вашиот музички плеер ќе биде заштитен од оштетувања во нашето практично лежиште на извлекување.

Приклучете и репродуцирајте

CD плеери за автомобил

Нема потреба да ги оставите вашите скапоцени дискови во домот – понесете ја вашата CD колекција со вас на патувањето и уживајте во целосен, богат звук кога ги слушате вашите омилени песни.

Погледнете главни CD уреди

Звучници и засилувачи за автомобили

Направете персонализирано аудио опкружување во автомобилот и уживајте во длабок бас и целосен, богат звук со конусите со дупчиња на сабвуферот и нашата палета на моќни звучници и засилувачи за автомобили.

Подобрете го звукот

Најновата технологија за во автомобил

Безбедна контрола на музиката која е дизајнирано за возачи.
Bluetooth® за проследување музика и повици без користење на рацете.

Дизајнирани за возење

Нашата забава за во автомобил е дизајнирана да го направи вашето патување многу побезбедно – и позабавно. Преземете целосна контрола врз музиката и многу повеќе на допир на вашите прсти.

Подобрете го возењето

Разговори без користење на рацете и проследување музика

Уживајте во уште повеќе музика со проследување на песни од вашиот мобилен телефон преку нашите уреди со Bluetooth®. А доколку имате дојдовен повик, може безбедно да одговорите бидејќи вашиот стерео уред за автомобил ќе се претвори во комплет со кој може да ракувате без користење на рацете.

Повеќе за поврзувањето

Напредна аудио технологија за во автомобил за целосен и побогат звук.
Подводните аудио уреди се специјално дизајнирани за бродови.

Уживајте во остар звук во автомобилот

Создадете богат звук во автомобилот од кој било музички извор со помош на нашите напредни дигитални аудио технологии. Почувствувајте ја моќта на 5.1-каналниот звук со организирање на централниот звучник, кој поставува дополнителен виртуелен звучник во центарот на вашата контролна табла.

Подобрете го звукот

Подводни аудио уреди

Запловете во прекрасните води на музиката со нашите висококвалитетни подводни аудио системи. Нашите системи се отпорни на прскање и вода, за да уживате во остар и чист звук без да се грижите дека вашиот систем ќе се натопи.

Уживајте во подводните аудио уреди

 

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста