Македонија (Промена?)

 
 

Телевизори погодни за домашно поврзување

 

Криерајте извонредна домашна забава со вашиот BRAVIA® телевизор како централен уред. Искористете ги можностите за поврзување на вашиот BRAVIA LCD телевизор за споделување и пристап до содржините од интернет и од другите уреди. Благодарение на едноставното поставување и контролата преку далечинскиот управувач од BRAVIA телевизорот, вие ќе можете да уживате во филмовите и фотографиите од комфорот на вашата дневна соба.

 
 
40" 52" 32" and below 46" 37"
 
 
 

Повеќе за телевизорите погодни за поврзување

Креирајте DLNA домашна мрежа

Споделувајте и контролирајте ја домашната забава преку BRAVIA телевизор со DLNA сертификат. Sony е еден од водечките членови во здружението Digital Living Network Alliance (DLNA) - група на компании кои заеднички работат за да се овозможи уредите како вашиот телевизор, телефон, лаптоп или музички плеер да можат да ги споделуваат медиумските содржини без оглед каде се поставени во вашиот дом.

Повеќе за DLNA поврзувањето во мрежа

Уживајте во фотографиите, музиката и филмовите со USB репродукција

USB приклучокот на BRAVIA телевизорот е едноставен начин за отворање на еден нов свет на можности во домашната забава. Едноставно поврзете фото апарат, музички плеер или USB мемориски уред преку USB приклучокот и претворете го вашиот BRAVIA телевизор со голем екран во огромна фото галерија, музички систем или видео плеер.

Дознајте повеќе за USB репродукцијата

Контролирајте ја домашната забава со BRAVIA Sync

Контролирајте го целиот систем за домашна забава преку далечинскиот управувач од BRAVIA телевизорот. BRAVIA Sync е интелигентна функција за поврзување која овозможува репродукција или поставување на параметрите на повеќе уреди со едно притиснување на копче.

Запознајте се со BRAVIA Sync

Пристапете до интернет апликациите со AppliCast™

AppliCast™ ви овозможува да пристапите до практичните widget елементи преку вашиот BRAVIA телевизор. Брзо дознајте го времето - во вашата земја или во странство, испланирајте го одморот за идниот месец - или погледнете ги најновите вести и дознајте ги цените или озборувањата од вашите омилени веб-сајтови.

Дознајте повеќе за AppliCast™

Повеќе можности за поврзување

Извлечете максимум од BRAVIA телевизорот со уште поголемиот број можности за поврзување. Поврзете кој било HD уред со HDMI™ за неверојатно Full HD доживување, поврзете го вашиот музички плеер со помош на ДИГИТАЛНИОТ МЕДИУМСКИ ПРИКЛУЧОК и лесно пристапувајте до вашата музика и филмовите со користење на XrossMediaBar™ менито.

Разгледајте ги другите можности за поврзување