Македонија (Промена) | Професионални производи

 
 

BRAVIA 2010 – добредојдовте во иднината

 

Запознајте се со новите BRAVIA® телевизори за 2010 со иновативна LCD и LED TV технологија. Доживејте ја неверојатната Full HD 3D слика, уживајте во кино сликата во вашата дневна соба, поврзете се на интернет и на големиот свет на онлајн забава или едноставно додадете уникатен монолитен дизајн во вашиот дом. Новата палета на BRAVIA телевизори нуди по нешто за секого.

Пронајдете го вашиот совршен нов BRAVIA телевизор

Дознајте повеќе за особините на новите BRAVIA телевизори

Додадете стил во секој простор со уникатниот монолитен дизајн

Новите BRAVIA телевизори како NX800 имаат минималистички монолитен дизајн кој во вашата соба ќе внесе уникатен стил и чувство за простор. Дизајнот се одликува со елегантна сјајна завршница на екранот со која се подобрува доживувањето при гледањето и која нуди прекрасен изглед на уредот дури и кога сликата е исклучена.

За комплетирање на современиот стил на вашата соба, кај BRAVIA телевизорите се користи широк избор на различни завршници и луксузни материјали. Благодарение на можност за завртување за , вие ќе можете да уживате во совршен поглед дури и при поставување на многу низок мебел. Дизајнот исто така совршено одговара на другите производи за домашна забава од Sony, така што вие ќе можете да го задржите истиот прекрасен изглед кај вашиот телевизор, Blu-ray Disc™ плеер и систем за домашно кино.

Откријте еден нов свет на интернет содржини и услуги

Изберете нов телевизор со BRAVIA интернет видео и ќе отворите еден сосема нов свет на забавни доживувања. Новите модели како NX700 имаат вграден Wi-Fi® за поврзување со интернет без кабли и проследување на видео содржини на цел екран од веб-сајтови како YouTube и Dailymotion директно на вашиот BRAVIA телевизор, па дури и гледање на ТВ програмите кои сте ги пропуштиле*.

Со користење на BRAVIA интернет Widget-и вие ќе можете да вчитувате интернет апликации на вашиот телевизор и да бидете во тек со вашите омилени веб-сајтови, вклучувајќи ги Flickr, Twitter, Facebook и многу други.

Уживајте во наредната димензија на гледање во Full HD 3D

Заборавете ги спомените на заматените слики и чудните наочари од картон – нашите нови Full HD 3D телевизори како LX900 отсега ќе ви понудат нова димензија со реалистични сцени. Нашата иновативна 3D технологија користи наочари со активно затворање за наизменично проектирање на слики за десното и левото око во Full HD резолуција. Оваа 3D технологија создава уникатно чувство на длабочина, при што објектите изгледаат како да се испакнуваат од површината на екранот. Отсега вие ќе можете навистина да ги оживеете игрите на PLAYSTATION®3 или филмовите на Blu-ray Disc™.

Рамномерни динамични сцени како во кината со Motionflow 200Hz PRO

Новите BRAVIA телевизори како HX900 се одликуваат со нашата најнапредна технологија за подвижни сцени. Motionflow 200Hz PRO четирикратно го зголемува бројот на слики кои се видливи за гледачот во споредба со конвенционалните телевизори од 50Hz за добивање на рамномерни спортски и други динамични сцени. Motionflow 200Hz PRO користи намалување на заматеноста на сликата за подобрување на квалитетот и остра и детална слика, а со активирање на иновативното треперење на задното осветлување се создава автентично чувство како во кината.

Животот направете го полесен и поеколошки со интелигентните сензори

Новиот BRAVIA LX900 користи интелигентен сензор за присуство со интелигентна технологија за препознавање на лице за да открие кој го гледа екранот. Тој ќе ја затемни сликата или ќе се исклучи доколку никој не гледа, ќе им каже на вашите деца дека седат преблиску или ќе го оптимизира гледањето кога нема да седите директно пред телевизорот. Сензорот дури може и да ги препознае вашите навики при гледањето и да препорача програми кои можеби би сакале да ги погледнете. Новите BRAVIA телевизори исто така располагаат со избор на еколошки функции како на пр. копчето за заштеда на енергија или амбиенталниот сензор со кој се оптимизира осветленоста на екранот во зависност од амбиенталната светлина и температурата на боите во собата.

LED за подобрена слика, тенок дизајн заштеда на енергија

Некои од новите BRAVIA телевизори како HX900 го користат нашето интелигентно динамичко целосно LED задно осветлување за оптимизирање на вашето доживување при гледањето. Кај оваа иновативна технологија локално се затемнуваат подрачја од LED задното осветлување за неверојатно бели и вистински црни делови од сликата, и врвен контраст како од кината.

Edge LED задното осветлување како кај новиот EX700 помага за добивање на извонредно тенок дизајн на телевизорите за полесно вклопување во секаков животен простор, а истовремено тоа е и многу поефикасно на енергетски план во однос на конвенционалните телевизори – ова е уште една најсовремена иновација која е вклучена во најновата палета на BRAVIA телевизори.

3 најдобри нови BRAVIA телевизори

LX900

  • Телевизор за домашна забава од наредната генерација
  • Вградено Full High Definition 3D доживување
  • Wi-Fi® пристап до интернет услуги и содржини

Погледнете го BRAVIA LX900

NX800

  • Ултра тенок минималистички монолитен дизајн
  • Вграден Wi-Fi® за интернет содржини и услуги
  • Рамномерност и незаматени детали кај динамичните сцени

Погледнете го BRAVIA NX800

HX900

  • Оптимизиран за врвна слика на домашно кино
  • Живописна слика со висок контраст и прекрасни бои
  • Подготвен за Full High Definition 3D доживување

Погледнете го BRAVIA HX900

* Интернет телевизијата за пропуштени содржини зависи од земјата и достапноста