Македонија (Промена?)

 
 

Извонреден квалитет на звукот

 

Неверојатната слика на BRAVIA телевизорите совршено се надополнува со револуционерните можности на опкружувачкиот звук. Без разлика дали гледате филм или спорт, уживајте во звукот кој ќе ја исполни собата преку иновативните аудио технологии како функцијата за зумирање на глас и S-Force предниот опкружувачки звук.

Зумирањето на глас ви нуди контрола на гласноста на дијалозите

При гледањето на филмовите и ТВ програмите, дијалозите понекогаш се губат заради бучавата од звуците од околината. Функцијата за зумирање на глас ви овозможува да ја зголемите гласноста на каналот за говор независно од другите звуци, за да не испуштите ниту еден дел од приказната. Се разбира, ако така изберете, функцијата за зумирање на глас можете да ја употребите за стишување на дијалозите, со цел да се внесете во звуците на средината. Функцијата за зумирање на глас ќе го подобри вашето доживување при гледањето, почнувајќи од филмските хитови и игрите па сè до вашите домашни снимки.

  • Спорт – стишајте го говорот и внесете се во бучната атмосфера на стадионите.
  • Игри – засилете го говорот за да не ви побегне приказната за време на деловите од играта кои се исполнети со акција
  • Домашни видео снимки – употребете ја функцијата за зумирање на глас за засилување на говорот во однос на звуците од заднината, за да можете полесно да ги чуете дијалозите.

S-Force преден опкружувачки звук за исполнување на вашата соба со звук

Конвенционалните системи користат одбивање на звучите бранови од ѕидовите или таванот, што може да доведе до придушен и изобличен звук.

S-Force предниот опкружувачки звук е уникатна технологија од Sony која користи прецизни варијации во проектирањето на звукот и неговата јачина за закривување на звукот низ собата, овозможувајќи ви доживување кое е еквивалентно на опкружувачки звук од пет звучници без потреба од дополнителни звучници.

BRAVIA телевизори со S-Force преден опкружувачки звук и зумирање глас

BRAVIA Z5500

  • Full HD 1080 – уживајте во спектакуларните детали со неверојатната 1920 x 1080p резолуција
  • Motionflow 200Hz со намалување на заматеноста за добивање на најрамномерни подвижни сцени
  • Врвен аудио квалитет со S-Force предниот опкружувачки звук и функцијата за зумирање на глас

Погледнете го BRAVIA Z5500

BRAVIA W5500

  • Motionflow 100Hz со намалување на заматеноста за добивање на рамномерни подвижни сцени
  • BRAVIA ENGINE 3 за импресивни детали, оптимален контраст и природни тонови на боите
  • Врвен аудио квалитет со S-Force предниот опкружувачки звук и функцијата за зумирање на глас

Погледнете го BRAVIA W5500

BRAVIA V5500

  • Исклучително остра и појасна слика со неверојатна Full HD резолуција
  • Уживајте во оптималниот контраст, живописните бои и реалистичните тонови со BRAVIA ENGINE 3
  • Врвен аудио квалитет со S-Force предниот опкружувачки звук и функцијата за зумирање на глас

Погледнете го BRAVIA V5500