Македонија (Промена?)

 
 

Извлечете максимум од вашиот HD телевизор

 

Откако еднаш ќе го доживеете Full HD квалитетот, вие никогаш повеќе нема да сакате да се вратите назад. Уживајте во прекрасното домашно кино со помош на Blu-ray Disc™ и репродуцирајте ги Handycam® HD домашните видео снимки со неверојатни детали. Исто така можете да добиете HD сигнал преку Sony VAIO лаптоп компјутерите и да ги почувствувате возбудливите HD игри со PLAYSTATION®3.

Кои се различните типови на HDTV?

Постојат два типови на HDTV – HD Ready TV и Full HD TV. И двата формати претставуваат огромно подобрување во однос на телевизорите со стандардна дефиниција, но сепак за најголемите љубители на игрите и филмовите, Full HD технологијата со 1080 линии е вистинскиот избор.

HD Ready

HD Ready е формат кој овозможува удвојување на резолуцијата во однос на ТВ сликата со стандардна дефиниција. Телевизорите мора да бидат во можност да прикажат 720 линии на информации во секоја одделна слика. HD Ready ќе ви понуди прекрасна слика без разлика дали гледате HD преноси, Blu-ray Disc™ филмови или игри на PLAYSTATION®3.

FULL HD телевизор

Со неверојатните 1080 линии по слика, Full HD го претставува самиот врв во HD гледањето. Кога овој формат ќе се комбинира со технологиите за подобрување на сликата кај BRAVIA телевизорите, резултатот навистина ви го одзема здивот.

Уредите кои ја имаат ознаката Full HD можат да ги прикажуваат Blu-ray Disc™ филмовите без какво било менување на резолуцијата така што вие ќе можете да ги погледнете филмовите токму онака како ги што замислил режисерот. Исто така, ова е форматот кој го избираат вистинските ентузијасти за игри.

Како да добиете Full HD доживување

За да можете да уживате во врвно HD доживување, потребен ќе ви биде телевизор кој може да прикаже High Definition слика, како и извор на HD содржини како на пр. Blu-ray Disc™ плеер, PLAYSTATION®3, High Definition видео камера или HD TV пренос. Додадете систем за домашно кино со HD можности и ќе ја добиете најдобрата комбинација на HD слика и звук.

Blu-ray Disc™

Одликувајќи се со 10 пати повисок квалитет на звукот и 5 пати повисок квалитет на сликата во однос на DVD, Blu-ray нуди исклучителни перформанси за вистинска трансформација на вашата домашна забава.

Разгледајте ја палетата на Blu-ray Disc™ плеери

HD Handycam®

Снимете ги омилените моменти во облик на Full HD видео записи и репродуцирајте ги спомените на вашиот BRAVIA телевизор со прекрасни бои и детали.

Разгледајте ги HD Handycam® видео камерите

HD игри

Доживејте ги омилените игри со прекрасни HD детали на PLAYSTATION®3 конзола за игри.

Посетете го веб-сајтот на PLAYSTATION®

Звук на домашно кино

High Definition не значи само трансформација на доживувањето при гледањето – Sony системите за домашно кино нудат одлично поврзување со BRAVIA телевизорите за добивање на беспрекорен High Definition опкружувачки звук.

Разгледајте ги Sony системите за домашно кино

HD поврзување

Погледнете колку е едноставно да ги поврзете сите ваши HD уреди и да креирате врвен HD систем во вашата дневна соба.

Посетете го BRAVIA водичот за поврзување