Дознајте за 3D
| |
Запознајте се со 3D преку нашите често поставувани прашања 3D
Основи на 3D
3D забавата ја пренесува возбудата од 3D кино доживувањето во домовите. 3D ефектот им додава поголема длабочина и реалистичност на сликите, овозможувајќи ви да се задлабочите во спорт, филмови и игри за PlayStation® како никогаш досега. Дали сите 3D технологии се исти? Не. Различни произведувачи користат различни технологии во своите 3D телевизори. Тие опфаќаат различни системи, на пример без 3D очила, и нудат различни резултати во поглед на квалитетот на сликата. Пожелно е да ги истражите придобивките од секоја посебно. 3D технологијата од Sony се базира на висока стапка на слики кај BRAVIA 3D телевизорите кои испраќаат слики до специјалните очила со активно затворање. BRAVIA 3D телевизорите користат прецизност со голема брзина за прикажување на различни телевизиски слики, последователно на левото и десното око на 3D очилата со активно затворање. Секоја леќа од очилата е исполнета со течни кристали кои се затвораат за дел од секундата, така што само едно око ја гледа соодветната Full HD слика. Кои се придобивките од 3D од Sony? Специјалната 3D технологија развиена од Sony нуди голем број на придобивки:
Може ли да го погледнам 3D пред да го купам? Да, прашајте во вашата локална продавница. Ние прикажуваме и голем број на 3D демонстрации низ продавниците во државата. Дали 3D сликите можат да предизвикаат вртоглавица и мачнини? Како и за секој екран, ви репорачуваме да не гледате непрекинато без престан. Доколку забележите некои несакани ефекти, најдобро е да престанете да гледате и да побарате совет.
|
Систем за 3D домашна забаваШто ми е потребно за да уживам во 3D телевизија, филмови или игри во домот? Основниот систем кој ќе ви биде потребен е составен од:
Доколку сакате да уживате во филмови или игри специјално создадени за прикажување во 3D, ќе ви биде потребно и следното:
Што значи можност за 3D и 3D Ready? Телевизорот со можност за 3D или 3D Ready Blu-ray Disc™ плеер или PlayStation®3 во иднина имаат можност да функционираат целосно во 3D. За телевизорот со можност за 3D ќе треба да додадете 3D предавател и 3D очила за да го направите да функционира целосно во 3D. 3D Ready Blu-ray Disc™ плеерите и моделите на PlayStation®3 автоматски ќе се надградат во целосно 3D преку ажурирање на firmware. Како се користи 3D Sync предавателот? За да надградите телевизор со можност за 3D во целосен 3D телевизор ќе ви биде потребен 3D Sync предавател. Најдобро е да го поставите под или странично од вашиот телевизор, со директна линија на видливост до местото на кое седите со вашите 3D очила. Инфрацрвениот сигнал од 3D предавателот од Sony има голем опсег. Тој овозможува да гледате 3D слики насекаде во собата и не е потребно да седите директно пред екранот за да уживате во најдоброто доживување. Да, но не застарените зелено-црвени очила на кои сте навикнати. 3D телевизорите од Sony прикажуваат Full HD 3D слики користејќи технологија со активно затворање. За развивање на можноста за гледање на Full HD 3D слики без очила најверојатно ќе бидат потребни многу години.
|
3D очилаДали може да користам 3D очила од кино со 3D телевизор од Sony? Не, ние користиме поинаква технологија. Технологијата за активно затворање нуди врвен квалитет на сликата и подобро доживување со телевизорите отколку 3D технологијата со поларизирање развиена за големите кино екрани. Дали може да користам картонски очила со црвени и сини леќи за гледање 3D телевизија? Не, треба да користите специјални очила со активно затворање од Sony за гледање 3D телевизија. Технологијата која ја развивме обезбедува Full HD слики, рамномерни 3D движења и високи нивоа на осветленост. Таа нуди подобар квалитет на сликата и пореалистично 3D доживување. Зошто 3D очилата од Sony се поинакви? A. 3D очилата се дизајнирани да обезбедат оптимално 3D доживување. Тие се специјално дизајнирани да работат со технологијата во BRAVIA 3D телевизорите која нуди 3D слики со Full High Definition. Очилата се изработени да бидат и удобни. Тие се одликуваат со флексибилни слушалки, прилагодливи странични држачи и опкружувачки дизајн кој спречува навлегување на амбиентална светлина. 3D очилата од Sony овозможуваат задлабочување во осветлена Full HD 3D слика, без пречки од треперење на светилките или лампите во просторијата. Дали може да набавам специјални 3D очила за моите деца? Да. Имаме 3D очила со помала големина за деца. Тие се достапни и во различни бои (розова и сина). Колку долго ќе траат батериите во 3D очилата? 3D очилата од Sony користат CR2032 батерии, кои нудат време на гледање до 100 часа пред да бидат заменети. Дали може 3D очилата да се користат со 3D телевизор од друг производител? Сè уште не. Во моментот не постои индустриски стандард. Запомнете, постојат различни видови на технологии за 3D телевизори кои нудат различни придобивки. 3D очилата од Sony се дизајнирани да работат со BRAVIA 3D телевизорите кои обезбедуваат Full HD слики, рамномерни 3D движења и високи нивоа на осветленост. Колку пара 3D очила може да се користат со еден 3D телевизор? Колку што сакате, сè додека се во опсегот на 3D предавателот од вашиот 3D телевизор. Како треба да се чистат леќите и рамката на 3D очилата? Чистете ги 3D очилата на ист начин како и обични очила или очила за сонце. Користете стандардно алкохолно средство за чистење очила/очила за сонце и мека неабразивна ткаенина. При чистењето не притискајте и не тријте силно.
|
3D забаваКаков вид на забава е достапна во 3D? Количината на 3D забава која е достапна станува сè поголема. Од гледање Blu-ray 3D™ филмови до играње 3D игри за PlayStation®3, можностите за забава се неограничени. Која е иднината на 3D забавата? Sony Pictures Entertainment планира да ги објави своите најнови филмски наслови и претходни ремек дела на 3D Blu-ray Disc™. Исто така, Sony го зголемува растот на 3D спортови како што се фудбал и голф преку договори со FIFA® и PGA Tour. 3D програмите кои се пренесуваат, како што е Sky, сега нудат 3D забава директно на вашиот ТВ екран. Дали може да гледам стандардна 2D телевизија на BRAVIA 3D телевизор? Да. на BRAVIA телевизорот ќе ја добиете истата одлична Full HD 2D слика, вклучувајќи ги сите функции и високиот квалитет на сликата кои се препознатливи за Sony. Ќе имате можност да гледате стандардна телевизија преку сателит, кабелска или надворешна антена. Дали може да гледам сè што ќе посакам во 3D на BRAVIA 3D телевизорот? Да, BRAVIA 3D телевизорите нудат можност за прикажување на сите видови на 3D забава, како и зголемување на резолуцијата или конвертирање на 2D содржини од телевизорот во 3D. За да го добиете најдоброто доживување, ви препорачуваме да репродуцирате оригинални 3D содржини кои се специјално создадени за 3D. Дали може да репродуцирам 3D Blu-ray Disc™ на Blu-ray Disc™ плеер кој не е 3D? Да, но нема да добиете 3D ефекти, бидејќи тие ќе се репродуцираат како стандарден Blu-ray Disc™. Дали може да добијам 3D забава преку Sony internet tv? Технички да, ние размислуваме како да дистрибуираме 3D забава директно до вашиот телевизор преку вашата интернет врска во домот. Дали PlayStation®3 може да репродуцира 3D филмови и игри? Ние сме во процес на надградба на моделите на PlayStation®3 за да им додадеме целосни можности за 3D. Надградбата ќе се изврши со автоматско ажурирање на firmware, штом ја поврзете конзолата на интернет. За повеќе детали, погледнете на веб-страницата на PlayStation. Дали ќе можам да користам кабелски и сателитски 3D услуги? Да, Virgin Media и Sky изјавија дека ќе воведат 3D услуги кои ќе бидат компатибилни со BRAVIA 3D телевизорите. Дали може да создавам и гледам сопствени 3D содржини? Да. Sony нуди палета на 3D производи кои ќе ви овозможат да снимате моменти за паметење во 3D и да ги гледате во домот. На пример, снимете 3D фотографии со новиот Cyber-shot™ или 3D дигиталниот фотоапарат NEX-5/NEX-3 и едноставно покажете ги на пријателите и семејството на вашиот BRAVIA 3D телевизор.
|
Како да уживате во 3D со Sony
3D телевизорУживајте во Full HD 3D свет со BRAVIA 3D телевизорите.
|
3D Blu-ray™Репродуцирајте ги најновите 3D филмови на Blu-ray Disc™.
|
3D домашно киноДодадете им целосно доживување со опкружувачки звук на 3D филмовите. Запознајте се со 3D домашното кино
|






