Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.
 

Домашен аудио систем за повеќе простории

 

Без разлика каква музика сакате и каде сакате да ја слушате во домот, ние ви го нудиме идеалното решение за домашен аудио систем. Изберете целосен Hi-Fi систем, ослободете ја вашата дигитална музика со плеерот произведен за iPod или изградете совршен систем со Hi-Fi одделни компоненти. Исто така, може да најдете радио приемници, радио часовници и најдобрата галантерија за домашни аудио системи.

Hi-Fi системи од Sony
Hi-Fi системи за вашиот iPod

Hi-Fi системи

Сите наши Hi-Fi системи се одликуваат со моќен и остар звук. Изберете од широката палета на системи со прекрасен стил, надополнети со интелигентни функции како поврзување преку USB и безжично проследување на музика во домот.

Разгледајте ги нашите Hi-Fi системи

Hi-Fi системи "Произведено за iPod"

Приклучете го вашиот iPod во вашиот Hi-Fi систем за да добиете висококвалитетен звук од нашите системи произведени за iPod, од кои повеќето можат да репродуцираат содржини и од iPhone. Вградените држачи го олеснуваат слушањето на вашата дигитална музичка колекција со помош на далечинска контрола и континуирано полнење.

Погледнете ја нашата палета „Произведена за iPod”

Hi-Fi одделни компоненти од Sony за зависниците од звукот
Радио приемници и радио часовници за сечиј животен стил

Hi-Fi одделни компоненти

Ако сакате репродукција на најдобар звук, нашата сеопфатна палета на Hi-Fi одделни компоненти ви нуди флексибилност за да изградите сопствен систем за забава, со огромен избор на засилувачи, ресивери, звучници, CD плеери, грамофони и многу повеќе.

Разгледајте ги нашите Hi-Fi одделни компоненти

Радио приемници и радио часовници

Без разлика дали станува збор за преносливо радио, радио приемници во домот или радио часовници за слушање музика пред да заспиете, нашата огромна палета на приемници и дигитални DAB радио приемници обезбедуваат совршен звук за слушање на вашите омилени станици, без разлика во кој дел од светот се емитуваат.*

Погледнете ги сите радио приемници и радио часовници

Find your ideal home audio accessory

Галантерија за домашни аудио системи

Изберете нешто од целосната палета на практична галантерија со прекрасен стил од Sony за домашни аудио системи.

Пребарувајте галантерија за домашни аудио системи

* DAB радио се емитува само во одредени земји.

 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста