Wi-Fi®
GigaJuke ви нуди исклучителна можност за поврзување: Wi-fi според напредниот DLNA стандард, за проследување на вашата музика низ целата куќа, дури и низ бројните ѕидови.
Ќе можете да испраќате музика на различни звучници во најмногу пет соби, што значи дека ќе можете истовремено да репродуцирате пет различни песни на различни места во куќата.
Ова не мора да се прави преку домашен безжичен рутер: пренесувањето е директно од системот кон звучниците, без користење на PC.
Исто така ќе добиете и единица за приклучување и дополнување на iPod® (или дополнителен држач за WALKMAN®), а ќе можете и да го надградите вашиот систем со стерео Bluetooth® за безжичен прием на музиката од вашиот мобилен телефон.
Доколку посакате да ја ослободите вашата музика додека сте во движење, едноставно приклучете го вашиот mp3 плеер (кој било тип) во USB влезот и уживањето може да започне.