Што има во VAIO?

 

Од сензори за амбиентална светлина кои автоматски ја прилагодуваат светлината на екранот до бело LED задно осветлување без жива кое не создава топлина и го прави екранот подолготраен, палетата на VAIO се одликува со разни еколошки иновации.

Лаптоп компјутерите VAIO се дизајнирани да бидат енергетски ефикасни

Функции за заштедување на енергија

Моделите од серијата Z на VAIO за 2010 година се одликуваат со систем за динамична хибридна графика кој ја избира најсоодветната графика за начинот на кој го користите вашиот лаптоп, максимизирајќи ја енергетската ефикасност и траењето на батеријата. Ние дизајниравме дури и адаптери за напојување со истекување на енергија еднакво на нула и најбрзо можно полнење.

Некои од најновите извонредно преносливи лаптоп компјутери VAIO имаат SSD флеш драјвови без подвижни делови кои се повеќе енергетски ефикасни отколку конвенционалните хард дискови. Исто така, многу модели на VAIO, во кои спаѓаат и моделите од сериите F и NW за 2010 година, се испорачуваат со копче за “исклучување на екран” за да можете да го исклучите екранот и да заштедите енергија додека слушате музика на вашиот лаптоп.

Енергетски ефикасната VAIO палета е целосно компатибилна со строгите критериуми од сертификатот Energy Star верзија 5.0, од Агенцијата за заштита на животната средина.

Лаптоп компјутерите VAIO содржат еколошки компоненти

Еколошки компоненти

Сите персонални компјутери VAIO кои се издадени во моментот не содржат средства со бром против запалување во нивното куќиште и главните печатени електронски плочи. Исто така, ние ја промовираме употребата на алтернативи на поливинил хлорид (PVC) и планираме целосно да го отстраниме од сите нови модели на преносливите производи од Sony (овде не спаѓа галантеријата).* Многу тековни модели на VAIO во кои спаѓаат и сериите F, S, W, Y и L веќе не содржат PVC.**

Речиси 85% од сите пластични делови во моделите од серијата S на VAIO во 2010 година беа изработени од рециклирани материјали, во кои спаѓаат и поликарбонати добиени при производството на CD или DVD дискови.

* Под услов замената да ги исполни сите технички критериуми и критериумите за квалитет на производите
** Производи без PVC: во куќиштата и каблите за внатрешно поврзување не се користи PVC

Ние ги намалуваме димензиите на пакувањето за лаптоп компјутерите VAIO

Пакување во помали димензии

Произведувањето помалку хартија за документација и картон за пакување има ефект кој веднаш се забележува во сечие еколошко влијание. Со VAIO производите кои стануваат сè помали, ние постојано ја намалуваме големината на пакувањето, но постојат и други начини на кои може да придонесеме.

Кај еколошкото издание на VAIO W-серијата ние ја заменивме картонската кутија со торбичка за носење. Генијалното решение значи дека нема потреба да фрлате никакво пакување – а ние може да сместиме речиси 20% повеќе лаптоп компјутери на палетите за испорака.

Исто така, упатството за користење го ставивме во хард дискот на VAIO како PDF наместо да го печатиме, а тоа заштедува значително количество на хартија.

Поврзани написи

Погледнете како изработуваме лаптоп компјутери со еколошки процеси

Како го произведуваме VAIO

Дознајте како се изработуваат лаптоп компјутерите VAIO со помош на еколошки процеси, од енергетски ефикасно производство па сè до тоа како влијаат на светот кога повеќе не ви се потребни.

Како го произведуваме VAIO

Телевизори кои заштедуваат енергија

Ние ја применивме нашата напредна технологија за да ги направиме нашите телевизори поеколошки, од деловите па сè до перформансите.

Повеќе за еко-функциите на телевизорите

Други еколошки производи

Погледнете други производи од Sony кои се повеќе енергетски ефикасни, содржат рециклирани материјали и се дизајнирани да ви помогнат да заштедите енергија.

Погледнете ги нашите останати еколошки производи

 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста