Други еколошките производи

 

Еве неколку иновации и еколошки функции на производите кои можат да ви помогнат да заштедите енергија и истовремено да го намалуваат влијанието врз животната средина.

Откријте ја еко технологијата на проектори од Sony

Заштедете енергија со проектор од Sony

Деловните проектори од Sony, како што е VPL-EX175, сега нудат намалена потрошувачка на енергија и помали трошоци за одржување. ECO Mode™ ја намалува ватажата на лампата или потрошувачката на енергија за време на режимот на подготвеност, а технологијата BrightEra обезбедува подобра оптичка ефикасност од помалите лампи со цел да заштедите пари и енергија.

Во останатите функции спаѓа и функцијата "Исклучете и заминете" која овозможува веднаш да го исклучите напојувањето на VPL-EX175 и да го извадите кабелот за напојување без да чекате вентилаторот да се исклучи. Или, пак, користете го режимот за заштеда на енергија за автоматско исклучување на лампата на проекторот доколку на влезот не се појави сигнал во рок од 10 минути.

Дознајте повеќе за проекторот VPL-EX175

Дознајте за еколошките мобилни телефони од Sony Ericsson

Sony Ericsson телефони: еколошки и стилски

Sony Ericsson го објави портфолиото GreenHeart™, кое внесува еколошки иновации за намалување на севкупното влијание на мобилните телефони врз животната средина без да ги доведе во прашање дизајнот, стилот или корисните функции.

Дознајте повеќе за Sony Ericsson GreenHeart™

Еколошките микро батерии од Sony не содржат жива

Микро батерии без жива

Сега палетата на еколошки батерии од Sony вклучува микро батерии без жива. Со нив можете да напојувате цела палета на производи и да не влијаете штетно врз животната средина. Нема компромиси во перформансите или безбедноста.

Дознајте за еколошките батерии

Делови од DSLR фото апаратите од Sony користат рециклирани материјали

DSLR фото апарати изработени од рециклирани материјали

Надворешните делови и куќиштето на DSLR фото апаратите од Sony, како A55, се произведени од рециклирани поликарбонати. Овој материјал се добива со преработка на фрлената пластика од производителите на оптички дискови, со што се намалува користењето на природните ресурси.

Нашите производи со рециклирани материјали (само на англиски јазик)

Еко функции на VAIO

Дознајте за палетата на лаптоп компјутери VAIO. Дознајте повеќе за функциите кои заштедуваат енергија и како се создадени земајќи ја во предвид животната средина.

Дознајте за еко функциите на VAIO

Нашите телевизори кои заштедуваат енергија

Ние ја применивме нашата напредна технологија за да ги направиме нашите телевизори поеколошки, од деловите па сè до перформансите.

Дознајте за еко функциите на телевизорите

 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста