Проверете енерг. рејтинг на телевизорот

 

Енергетската ознака од ЕУ ви овозможува веднаш да погледнете и да ја споредите енергетската ефикасност на телевизорите пред да одлучите кој ќе го купите.

Како да ги толкувате енергетските ознаки од ЕУ

Енергетските ознаки претставуваат азбучни оценки кои се движат од "A" (најефикасни) до "G" (најмалку ефикасни). Според директивите на ЕУ, од крајот на 2011 година, на сите телевизори кои ќе се продаваат во продавниците и на интернет ќе мора да биде прикажана енергетска ознака.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Која е иднината на енергетските ознаки за телевизорите?

Ние во Sony сме посветени постојано да развиваме и произведуваме производи кои се повеќе енергетски ефикасни од година во година во однос на нивните претходни модели. Всушност, најголемиот дел од нашите телевизори имаат енергетска ознака со оценка A или B, а останатите немаат помала оценка од C.

Нашата цел е да ја зголемиме енергетската ефикасност на сите наши производи. Со сè поголем број на телевизори кои ја добиваат оценката A, ќе биде многу потешко да ги разликувате производите кои се повеќе енергетски ефикасни. Поради тоа, енергетските ознаки на ЕУ повремено ќе се менуваат и добиваат нови оценки како A+, A++ и A+++. На овој начин енергетските ознаки ќе еволуираат во иднина.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Заштедете енергија, заштедете пари

Разгледајте ги нашите совети за заштедување енергија за да ја намалите потрошувачката на енергија и да заштедите пари.

Погледнете ги нашите совети за заштедување на енергија

Изберете еко производи

Дознајте што содржи производот, материјалите кои ги користи и неговото влијание врз животната средина.

За еко производите

Запознајте се со компанијата

Пронајдете компании кои не се грижат само за своите производи, туку и поддржуваат иницијативи со кои се создава позитивно општествено и еколошко влијание.

Дознајте за еколошките признанија

 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста