My Sony

My Sony:

 

Пребарување

 

Пребарување по буква

A-E, F-I, J-P, R-T, U-Z, 0-9

А-Ѓ, Е-И, J-M, H-P, C-Ф, Х-Ш

Категорија

Започни
 
 

Резултати од пребарувањето

Термини во речникот за Фото апарати и видео камери Категорија

"Screen door" ефект
Кај "screen door" ефектот можат да се забележат тенките линии кои ги раздвојуваат точките на проектираната слика. Името доаѓа од фактот што ефектот е многу сличен со гледањето низ фин мрежест екран. Доколку леќата на вашиот дигитален проектор е остро фокусирана, тогаш секоја точка на екранот се прикажува со мала црна рамка. Линиите на рамките го означуваат местото каде контролната електроника ја ограничува светлината да не премине на останатата површина.
 
1,3 ефективни милиони точки
CCD формат кај дигиталните фотографии кој обезбедува резолуција на сликата од 1280 x 960 точки, и е погоден за интернет, e-mail и брзо печатење. Ефективниот број претставува број на точки кои ја формираат крајната слика. Колку повеќе точки има апаратот, толку повеќе може да се зголеми фотографијата без да се загуби во квалитетот.
 
10-битен панел
Стандардните 8-битни панели кои обично се користат кај LCD телевизорите овозможуваат 256 нивоа на градација помеѓу боите. 10-битните панели, кои се користат кај BRAVIA D3000-серијата, се одликуваат со градација на боите од 1024 нивоа. Со ова се внесува живост почнувајќи од тоновите на кожата па сè до боите на самракот, приближувајќи се колку што е можно повеќе до изгледот на оригиналната слика.
 
12 bit/32 kHz аудио
Звукот е снимен во 6 аудио сектори (= 1/2 рамка, 1 стерео канал). Фреквенцијата на земање примероци од 32 kHz овозможува фреквенција на репродукција од приближно 16 kHz. 12-битниот режим обично се користи за аудио вметнување и снимање; дополнителни стерео содржини, т.е. музика или глас, можат да се додадат на оригиналните 6 аудио сектори. Севкупно се добиваат 2 стерео канали (со 16 kHz фреквенција на репродукцијата).
 
12 bit/32 kHz аудио режим (2 x стерео)
Во овој режим, на располагање се аудио снимањето како и аудио вметнувањето. Првиот стерео канал обично се користи за оригиналниот звук од видео сигналот. Вториот стерео канал може да се искористи за аудио снимање на споредна музика, коментари или други звучни ефекти.
 
15-пински D-sub приклучок
15-пинскиот D-sub приклучок ви овозможува да репродуцирате филмови директно од PC. Ова е електричен приклучок кој се користи кај компјутерите за поврзување со проекторите за домашно кино, овозможувајќи ослободување на складираните дигитални содржини.
 
16 bit/48 kHz аудио режим (1 x стерео)
Висококвалитетен звук со DAT или CD квалитет може да биде снимен или репродуциран. Овој 16 bit/48 kHz стерео аудио сигнал е снимен симултано со видео сигналите; висококвалитетниот звук е погоден за снимање на музички програми.
 
2.0 ефективни милиони точки
CCD формат кај дигиталните фотографии кој обезбедува резолуција на сликата од 1600 x 1200 точки, и е погоден за висококвалитетно печатење или интернет апликации кои бараат слики со фини детали. Ефективниот број претставува број на точки кои ја формираат крајната слика. Колку повеќе точки има апаратот, толку повеќе може да се зголеми фотографијата без да се загуби во квалитетот.
 
24p True Cinema
Овој режим овозможува гледање на филмовите на начин на кој тие биле замислени од режисерите, со 24 рамки во секунда. Досега, филмовите кои се гледаат во домашни услови имаа 'побрза' репродукција отколку во кината. Кога некој филм се прикажува на телевизија или е снимен на DVD, тој мора да се прилагоди за да биде компатибилен со PAL форматот. Разликата е во тоа што филмовите се снимени со стапка од 24 рамки во секунда, додека стандардната телевизија користи 25 рамки во секунда.
 
2:2 Pulldown
2:2 Pulldown се разликува од другите Pulldown методи бидејќи не се врши удвојување на ниту една слика. Наместо тоа, се испраќа инструкција до видео декодерот за прикажување на видеото како две испреплетени полиња, а не како една прогресивна слика. Во земјите кои користат PAL или SECAM видео стандард, филмовите кои се наменети за телевизија се снимаат со стапка од 25 слики во секунда. Преносите кај PAL видео стандардот содржат 25 слики во секунда, така што трансферот од филм на видео е едноставен; за секоја слика од филмот се снима една видео слика. 2:2 Pulldown методот исто така се користи за префрлување на емисии и филмови кои се снимени со 30 слики во секунда во NTSC видео, кое се одликува со стапка на скенирање од 60 Hz.
 
3,2 ефективни милиони точки
CCD формат кај дигиталните фотографии кој обезбедува резолуција на сликата од 2048 x 1536 точки, и е погоден за апликации со професионален квалитет кои бараат слики со фини детали. Ефективниот број претставува број на точки кои ја формираат крајната слика. Колку повеќе точки има апаратот, толку повеќе може да се зголеми фотографијата без да се загуби во квалитетот.
 
330.000 ефективни милиони точки
CCD формат кај дигиталните фотографии кој обезбедува резолуција на сликата од 640 x 480 точки. Малата големина на фајловите нуди екстремно брз трансфер на фотографиите за интернет, e-mail и брзо печатење. Ефективниот број претставува број на точки кои ја формираат крајната фотографија. Колку повеќе точки има апаратот, толку повеќе може да се зголеми фотографијата без да се загуби во квалитетот.
 
3:2 формат на фотографирање
Оваа функција овозможува сликите да се креираат во конвенционалниот фотографски формат. Стандардниот формат е 4:3.
 
3D гама корекција
BRAVIA дигиталните проектори користат 3D гама корекција за изедначување на осветленоста и боите на екранот. Сликата станува прецизна и конзистентна, со неверојатно фини детали – особено кај темните сцени.
 
3D режим на панорама
Притиснете го копчето за бленда и движете го апаратот од едната кон другата страна. Cyber-shot автоматски ја претвора серијата брзи снимки во неверојатна 3D панорамска слика која може да се гледа на компатибилен 3D телевизор.
 
4.0 ефективни милиони точки
CCD формат кај дигиталните фотографии кој обезбедува резолуција на сликата од 2240 x 1680 точки, и е погоден за апликации со многу висок квалитет кои бараат слики со екстремно фини детали. Ефективниот број претставува број на точки кои ја формираат крајната слика. Колку повеќе точки има апаратот, толку повеќе може да се зголеми фотографијата без да се загуби во квалитетот.
 
5.0 ефективни милиони точки
CCD формат кај дигиталните фотографии кој обезбедува резолуција на сликата од 2560 x 1920 точки, и е погоден за апликации со професионален квалитет. Ефективниот број претставува број на точки кои ја формираат крајната слика. Колку повеќе точки има апаратот, толку повеќе може да се зголеми фотографијата без да се загуби во квалитетот. Резолуцијата од 5.0 милиони точки овозможува слика со фини детали дури и кај големите формати и постерите.
 
8 цм 156 MB CD-R/-RW медиум
156 MB CD-RW со дијаметар од 8 цм со можност за сместување до 160 слики со висока резолуција (UXGA) и до 1080 слики со 640 x 480 точки. Може да се користи за сместување и на други податоци, и да се форматира до 300 пати.
 
8 цм CD-R
156 MB CD-R со дијаметар од 8 цм со можност за сместување до 160 слики со висока резолуција (UXGA) и до 1080 слики со 640 x 480 точки. Може да се користи за сместување и на други податоци.
 
AD
Audio Description (AD) - аудио опис услугата е аудио запис на телевизијата наменет за слепите и лицата со оштетен вид. На гледачите им се опишуваат настаните од екранот и може да се направи споредба со титловите кои се наменети за лицата кои се глуви или имаат оштетен слух. Досега, AD функцијата беше достапна само преку одделен set-top box приемник или сателитски ресивер. За да ја приближи телевизијата до сите луѓе, нашата BRAVIA палета е првата што нуди вградена AD функција за полесен пристап до наративниот аудио запис кој го емитуваат одредени ТВ канали.
 
AE Bracketing
Со Auto Exposure Bracketing постапката, фото апаратот ја прави снимката со три различни поставувања на експозицијата, овозможувајќи избор на најдобрата слика по фотографирањето.
 
AE Shift
Овозможува рачно менување на автоматската експозиција (посветло - потемно). Во зависност од моделот на видео камерата, +/- 3 чекори се на располагање.
 
AF (Auto Focus) Illuminator
Auto Focus Illuminator е извор на црвена светлина со мала потрошувачка кој дава доволно осветлување за апаратот при автоматското фокусирање во услови на слаба осветленост.
 
AFM
Аудио фреквентна модулација (AFM) е систем кој се користи за снимање на звучни бранови со hi-fi квалитет (>16 kHz); стандард за Video8/Hi8 форматите.
 
ARC-F
All Range Crisp Focus (ARC-F) леќите овозможуваат рамномерност на сликата преку целиот екран. Дизајнирани за целосно искористување на SXRD™ панелите кај дигиталните проектори при HD резолуција од 1920 x1080, ARC-F леќите овозможуваат поостра, јасна и рамномерна слика.
 
ATRAC CD (Adaptive Transform Acoustic Coding)
Со користење на Sony ATRAC систем за компресија, вие ќе можете да снимите ATRAC CD диск кој ќе содржи количество музика еквивалентно на 30 музички CD дискови. Складирана на еден CD-R/-RW диск, вашата музика ќе можете да ја репродуцирате на компатибилен CD плеер.
 
AUX податоци
Дополнителни (AUX) податоци се снимени со видео содржините. Се содржат информации за времето/датумот на снимањето, Wide/PALplus информација и изворот на снимката. AUX податоците можат да се читаат и со DHR-1000.
 
AVC-HD приемник
Интегриран телевизиски приемник кој овозможува прием на антенски HD преноси во AVC (MPEG4) формат.
 
Aperture Priority (приоритет на блендата)
Приоритет на блендата е режим кој му овозможува на корисникот избор на саканото поставување на решетката. Фото апаратот соодветно ја прилагодува брзината на блендата. Ова на корисникот му дава полна контрола врз длабочината на полето кај сликата.
 
Audio Description
Audio Description (аудио опис) услугата е аудио запис на телевизијата наменет за слепите и лицата со оштетен вид. На гледачите им се опишуваат настаните од екранот и може да се направи споредба со титловите кои се наменети за лицата кои се глуви или имаат оштетен слух. Досега, AD функцијата беше достапна само преку одделен set-top box приемник или сателитски ресивер. За да ја приближи телевизијата до сите луѓе, нашата BRAVIA палета е првата што нуди вградена AD функција за полесен пристап до наративниот аудио запис кој го емитуваат одредени ТВ канали.
 
Auto Exposure Bracketing
Со Auto Exposure Bracketing постапката, фото апаратот ја прави истата снимка со три различни експозиции: еднаш со поставената експозиција, еднаш со еден степен посветло и еднаш со еден степен потемно (со можност за избор на корисникот). Ова е особено корисно кај фотографирањето при услови на недоволна осветленост или кога имате само една можност за фотографирање, а потоа можете да ја изберете најдобрата снимка.
 
Auto Focus Illuminator
Во услови на многу слаба осветленост екстремно тешко е да се постигнат коректен фокус и коректна композиција на снимката. Кај сите услови на осветленост, од јака дневна светлина до целосен мрак, AF илуминаторот автоматски ги осветлува објектите за да се овозможи прецизен фокус. Со ова се постигнуваат слики со остар фокус и добра дефиниција, без разлика на условите на осветлување.
 
BBE® Digital
Овозможува јасност без никаков шум кај сите видови звук од вашиот BRAVIA уред - од експлозиите на згради па сè до најтивките звуци на дишење. BBE® не додава вештачки елементи на дигиталниот аудио сигнал и врши прецизна реконструкција на сите оригинални детали.
 
BBE® VIVA
Со помош на BBE® ViVA висококвалитетниот звук и вградениот Virtual Dolby® се добива опкружувачки ефект со само два предни звучници. Застапено кај BRAVIA палетата на телевизори, ова решение ги елиминира ефектите на изобличување кај 3D звукот – слаб квалитет, нејасни дијалози и оддалеченост на централниот канал. Како резултат се добива природен, тридимензионален звук со кристална јасност за соло вокалите и разговорите.
 
BBeB Book
Broadband eBook (BBeB) претставува формат за електронски книги развиен од Sony. Многу веб-сајтови нудат бесплатни електронски книги “со истечени авторски права” во овој формат кој е компатибилен со Reader уредите за читање, иако новите наслови во BBeB најчесто се достапни преку веб-сајтовите од САД и тоа само за потрошувачите од САД. BBeB спецификациите беа развиени од Sony за компресирање на текстот на големите книги (преку 250 страници) во мали фајлови, и за имплементирање на Open MG заштитата за да се спречи неограниченото копирање. Новиот отворен EPUB формат на фајлови, на љубителите на читањето им нуди неколку исти придобивки како и BBeB.
 
BMP (Bitmap)
Некомпресиран, графички формат кој ги мапира точките од сликата, бит по бит.
 
BRAVIA 1080 Wireless
Ослободувајќи ве од бројните кабли, BRAVIA 1080 Wireless технологијата овозможува безжично поврзување на надворешни уреди како Blu-ray Disc(TM) и DVD плеери, PLAYSTATION®3 конзоли и друго, со вашиот BRAVIA телевизор. Компонентите се сместени во дискретен и стилски медиски ресивер, кој комуницира со вашиот BRAVIA LCD телевизор преку Wi-Fi®. Ова значи дека на големите екрани вие ќе можете да уживате во висококвалитетна 1080i дигитална слика и звук – ослободувајќи ве од грижите околу нередот од кабли.
 
BRAVIA ENGINE 2
Користејќи ги нашите најиновативни технологии како интелигентното намалување на шумот и напредното подобрување на контрастот, BRAVIA ENGINE 2 ја задржува моќта на веќе познатата BRAVIA ENGINE и додава нови четири степени на обработка на сликата. Покрај тоа, BRAVIA ENGINE 2 вклучува целосно дигитална обработка за повеќе видови на сигнали. Сликата што се добива се одликува со неверојатно јасни и живописни бои со најприродните можни тонови. Нивото на црната боја е многу длабоко и со прекрасни детали, додека осветленоста и контрастот се беспрекорни и убедливи.
 
BRAVIA ENGINE 2 PRO
BRAVIA Engine 2 PRO е моќен процесор кој врши филтрирање, пречистување и оптимизирање на сликата пред таа да биде проследена на екранот. Квалитетот на сигналот значително се подобрува при што се добива јасна и живописна High Definition слика во која ќе можете да уживате на вашиот Full HD 1080p LCD екран. Сите ваши омилени содржини, Blu-ray Disc(TM), DVD дискови и PLAYSTATION®3 игри стануваат многу пореалистични, со прекрасна палета на бои, рамномерни динамични сцени и најчисти црни делови. Не дозволувајќи ништо да му попречи на вашето доживување, технологијата за намалување на шум автоматски ги прилагодува параметрите за движење и осветленост заради добивање на совршена слика.
 

  BRAVIA ENGINE 2 PRO

 
BRAVIA ENGINE PRO
BRAVIA ENGINE PRO оди еден чекор понатаму во однос на BRAVIA ENGINE EX (објаснета погоре) користејќи ја напредната Digital Reality Creation технологија. На овој начин се врши надградба на High Definition сигналите за уште поголема резолуција и врвни перформанси на сликата.
 
BRAVIA Sync
BRAVIA Sync ќе ви овозможи да ги контролирате останатите уреди од Sony, како Handycam® видео камера или Blu-ray Disc™ плеер, преку далечинскиот управувач од BRAVIA телевизорот. Ова е само уште еден прекрасен и едноставен начин за поголемо уживање со производите на Sony. На пример, доколку вашиот Blu-ray Disc™ плеер е поврзан со BRAVIA телевизорот преку HDMI™, вие ќе можете да погледнете филм само со притиснување на копчето за репродукција на BRAVIA далечинскиот управувач. Или пак ако поврзете Cyber-shot дигитален фото апарат со BRAVIA телевизор преку HDMI™, вие ќе можете преку далечинскиот управувач од телевизорот да ги погледнете снимките складирани на апаратот.
 

 BRAVIA Sync

 
Backlight Compensation (компензација на задното осветлување)
При користење на конвенционалните видео камери, објектите може да изгледаат како силуети доколку зад нив е поставен силен извор на светлина. Сите Handycam модели на видео камери вклучуваат компензација на задното осветлување, со што се спречува ваквата појава и објектите добиваат јасен изглед.
 
Blu-ray Disc™
Ова е формат за оптички дискови од наредната генерација. Blu-ray Disc™ (BD) нуди петпати поголем капацитет за складирање во споредба со DVD дисковите. Ова на корисниците им овозможува исклучително High Definition доживување, при што филмовите и музиката се репродуцираат со оригиналниот сјај. Уживајте во филмовите со полна должина, со најдобра можна High Definition слика, извонреден повеќеканален звук и многу интерактивни дополнителни содржини. Blu-ray Disc™ е дизајниран за снимање на High Definition дигитално видео, звук, слики, игри, PC фајлови и сè што ќе посакате. PLAYSTATION®3 располага со BD-ROM Blu-ray Disc™ драјв, со што ќе можете да уживате во 1080p HD филмовите, како и во најновите игри.
 
Bluetooth®
Bluetooth® е безжичен систем со краток домет и ниска цена за пренесување на податоци и глас. Bluetooth® уредите содржат хардвер и софтвер со кој се овозможува комуникација со другите Bluetooth® уреди.
 
Bluetooth® функција
Го отвора возбудливиот свет на безжичната функционалност користејќи ја Bluetooth® технологијата. Ви овозможува директно префрлување на слики на секој уред кој го поддржува основниот Bluetooth® профил, Bluetooth® ве ослободува од ‘кабелскиот стрес’ и ви го нуди дополнителниот бонус на функционалност на далечинска видео камера.
 
Bravia Theatre Sync
Bravia Theatre Sync претставува нов начин на контрола на уредите од вашето домашно кино. Со користење на HDMI™ поврзување и еден далечински управувач, можат да се испраќаат сигнали помеѓу разните уреди од кои е составен системот. BRAVIA Theatre Sync функцијата е дизајнирана за да се поедностават сложените постапки, така што вие ќе можете повеќе да се концентрирате и да уживате во филмот. Со едно притиснување на копче ќе бидат вклучени аудио опремата и телевизорот, ќе се селектира соодветниот влез и Blu-ray Disc™ или DVD плеерот ќе започне со репродукција.
 
Burst mode
Групниот режим привремено го забрзува преносот на податоци помеѓу снимките користејќи бафер меморија. Се врши брзо складирање на последователните слики, без потреба од чекање апаратот да ја сними секоја посебна слика. Ова е идеално при снимањето на спортските активности и природата, како и при снимањето на ретките ситуации.
 
CCD
Charge Coupled Device (CCD) е полупроводнички чип кој содржи фотосензори кои ја претворуваат сликата во електрични сигнали. Колку е повисок бројот на точки, толку повеќе детали од сликата можат да бидат ”видени“ од CCD чипот. Sony Handycam камерите користат специјален тип (”мачкино око“) на CCD кој овозможува оперирање на сензорите при пониски нивоа на светлина отколку кај обичните чипови.
 
CD Mavica
Digital Mavica од Sony ги користи обичните 3.5" флопи дискети за сместување на слики. Во комбинација со популарниот JPEG формат за компресија на слики, Mavica претставуваше новитет кај дигиталните фото апарати. Новата CD Mavica користи 8 цм CD-R со капацитет од 156 MB.
 
CD-R
CD-R (CD Recordable) означува CD кое не може да се брише и се снима само еднаш. Со помош на CD рекордер на овие дискови можат да се сместат разни податоци како музика, филмови и фотографии. CD-R дисковите се достапни во формат од 8 цм и 12 цм. Најчести се 12 цм CD-R дисковите, со капацитет од 650 MB или 700 MB. Помалите дискови со дијаметар од 8 цм често се нарекуваат сингл CD обично се користат за снимање на музика.
 
 
 

Новости

Други Sony сајтови

© 2010 Sony Central and Southeast Europe Kft.   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста