Македонија (Промена?)

 
My Sony

My Sony:

 

Магазин

"Campaign" награда за духот на играта

Sony Светски награди за фотографија: прогласен добитникот на "Campaign" наградата

 
Љубов кон играта готвачка, домаќинка, мајка….и играч од средниот ред

Балансирајќи со ногата врз фудбалска топка, една жена внимателно приготвува јадење во кујната. Прекрасно доловен момент, кој покажува дека духот на фудбалот е секаде околу нас – дури и на најнеочекуваните места.

Оваа духовита, спонтана фотографија ја освои главната "Campaign" награда на овогодинешните Sony Светски награди за фотографија 2009.

Насловена како ‘Љубов кон играта: готвачка, домаќинка, мајка….и играч од средниот ред’, фотографијата е снимена од Sarah Ahmad, фотограф - аматер од Rawalpindi, Пакистан.

Вестите за нејзината победа претставуваа шок за самата Sarah, која посериозно започнала да се занимава со фотографија во 2006. “Неколкупати се штипнав за да се уверам дека не сонувам. Кога сфатив дека не се работи за сон трчав и врескав наоколу. Дури мислам и дека ги исплашив соседите! Сум замислувала да ми се случат прекрасни работи, но ништо од тоа ни оддалеку не може да се спореди со неверојатното чувство по освојувањето на оваа награда.”

Овогодинешната категорија за "Campaign" наградата имаше за цел да ги опфати аматерските снимки кои истовремено ќе ги доловат глобалната опседнатост со фудбалот и страста кон фотографијата.

Досетливата замисла на Sarah се совпадна со погледите на жирито на натпреварувањето. Еве што ни изјави Delly Carr, претседавач на жирито и еден од водечките светски спортски фотографи:

“Фотографијата е сосема едноставна, па сепак толку многу ни кажува за спортот. Снимката сведочи за фактот дека фудбалот е игра која навистина му припаѓа на светот, спорт кој се темели на страст и фанатизам. Таа исто така претставува обид да се покаже дека страста не познава граници помеѓу половите, возраста, националноста или социјалните класи.”

Креативноста на Sarah беше наградена со две VIP влезници за свечената гала церемонија на Sony Светските награди за фотографија во Кан и 2 влезници за 2010 FIFA World Cup™. Таа исто така стана добитник на врвен α350 DSLR фото апарат и објектив. Освен тоа, таа е поканета да го даде својот придонес во рекламната кампања на одделот за дигитални слики на Sony. Затоа, очекувајте нови прекрасни фотографии!

Сите наградени снимки од овогодинешните Sony Светски фотографии