1. НА ПОЧЕТОК
  2. >  Магазин
My Sony

My Sony:

 

Магазин

Режим на панорама

 
Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Зарем не би сакале да гледате навистина големи слики?

Обичните фото апарати ретко го доловуваат ефектот на прекрасните пејзажи, видиците на градовите и високите згради. Дури и ако имате широкоаголен објектив, тешко ќе можете сите содржини да ги опфатите во кадарот и правилно да ја доловите сцената.

За да опфатат повеќе содржини во сликата, фотографите обично користат трик со снимање на повеќе слики, поместувајќи ја позицијата на апаратот за снимање на различните делови од сцената. Овие снимки потоа се комбинираат за креирање на една многу голема слика. Но ова е напорен рачен процес за кој се потребни вештини и трпение за спојување на сликите, при што местата на спојување остануваат видливи.

Сега постои забавен и едноставен начин за креирање на беспрекорни ултра широки слики со огромно видно поле до 224 степени. Режимот на панорама ја отстранува макотрпната работа за добивање на совршени панорамски снимки. Најдобро од сè, не ви е потребен PC или специјален софтвер: сè се извршува во внатрешноста на апаратот.

Режимот на панорама е ексклузивна функција на Sony која за првпат се воведува кај Cyber-shot™ HX1. Ова е првиот компактен фото апарат на светот кој автоматски врши брзо снимање и комбинирање на група слики со висока резолуција.

Едноставно притиснете го копчето за бленда и движете го апаратот одлево надесно опфаќајќи ја саканата сцена. Можно е и вертикално користење, со движење на апаратот нагоре и надолу за добивање на драматични снимки на високите згради.

Извонредно брзиот EXMOR CMOS сензор во внатрешноста на HX1 врши снимање на група слики со брзина која е поголема во однос на многу софистицирани SLR фото апарати. Сликите потоа автоматски се спојуваат од страна на апаратот: целиот процес трае помалку од три секунди.

Иако режимот на панорама е навистина едноставен за користење, постојат повеќе опции кои ќе ви помогнат да ги добиете токму саканите уметнички резултати.

Стандардниот широк режим нуди снимање на драматични панорамски слики со резолуција од 4912 x 1080 точки (сооднос од 40:9). Доколку сакате уште поголемо видно поле, изберете ултра широк режим и снимајте неверојатни слики со сооднос од 60:9, со 7152 x 1080 точки. Исто така фото апаратот можете да го држите и вертикално (во позиција за портрети), снимајќи исклучително високи панорами во стандарден (16:9) или ултра широк (32:9) режим.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Гледајте и уживајте

Достапни ви се повеќе начини за уживање во вашите панорамски снимки. Прикажувајте ги со прекрасен ефект на дигиталните фото рамки од Sony. Најновите рамки од X и V сериите овозможуваат движење на сликата одлево надесно (или нагоре и надолу), нудејќи ви неверојатен преглед на сите детали.

Алтернативно, поврзете го фото апаратот на вашиот BRAVIA™ телевизор или приклучете го вашиот Memory Stick™ на PLAYSTATION®3.

Би сакале да ги отпечатите вашите прекрасни панорами? Отпечатете ги во вашиот дом на хартија со нормална големина со помош на фото печатарите од Sony. Панорамите снимени во стандарден широк вертикален (16:9) ултра широк вертикален (32:9) режим можете да ги отпечатите во вашата локална фото лабораторија, или да ги нарачате преку интернет на http://www.colourmailer.com или http://www.photobox.com. Печатењето на специјалните режими од 40:9 или 60:9 е можно со помош на многу специјализирани печатари.

Добивте инспирација? Режимот на панорама веќе ви е достапен со компактниот и моќен Cyber-shot™ HX1. Одликувајќи се со снимање со 10 fps, 20x оптички зум, врвен Sony G објектив и снимање на 1080p HD видео, тој е совршен партнер за вашите патувања кога ви се потребни сериозни функции без значително зголемување на тежината.

Дознајте повеќе за Cyber-shot™ HX1 со режим на панорама

 
 
DSC-HX1

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста