My Sony

My Sony:

 

Магазин

Објаснување на Cyber-shot™ технологиите

Дознајте што ги прави Cyber-shot™ апаратите толку единствени

Прочитајте понатаму и дознајте на кој начин Cyber-shot™ ќе ви помогне да добиете врвни снимки без многу напор. Сакате да дознаете повеќе? Следете ги линковите подолу за подетално објаснување на технологиите.

 
Откривање на лице Откривање на лице

Напредна функција за откривање на лице

Со Cyber-shot™ ниту едно лице нема да биде отсечено од снимката.

Напредната функција за откривање на лице врши препознавање на до осум лица во секоја сцена и овозможува автоматско прилагодување на фокусот, експозицијата, балансот на белата боја и блицот заради добивање на врвни резултати. Можно е дури и правење разлика помеѓу децата и возрасните.

Едно е сигурно. Вие ќе бидете наградени со извонредни природни портрети на пријателите и семејството.

Дознајте повеќе за напредната функција за откривање на лице

Carl Zeiss® леќи Carl Zeiss® леќи

Carl Zeiss® леќи

Не правете компромис кога се работи за квалитетот. Инсистирајте да ги добиете леќите од Carl Zeiss®, познатото светско име за исклучителна оптика.

Ќе можете да уживате во беспрекорна резолуција, живописни бои и ултра мало изобличување при сите поставености на зумот, од широкоаголно до телефото.

Врвните снимки започнуваат со врвна леќа. Дознајте зошто Sony се одлучи за врвната Carl Zeiss® оптика за добивање на подобри снимки со Cyber-shot™.

Дознајте повеќе за Carl Zeiss® леќите

Интелигентно препознавање на сцените Интелигентно препознавање на сцените

Интелигентно препознавање на сцените

Портрети во самрак без блиц? Сцени со сончево осветлување од задната страна? Не грижете се околу поставувањето на правилните параметри на фото апаратот.

Интелигентно препознавање на сцените ви го поедноставува снимањето додека вие се фокусирате на изборот на совршениот момент.

Препознавајќи широк избор на чести ситуации за фотографирање, интелигентното препознавање на сцените врши автоматско прилагодување на параметрите за добивање на професионални резултати.

Дознајте повеќе за интелигентното препознавање на сцените

Бленда со функција за насмевки Бленда со функција за насмевки

Бленда со функција за насмевки

Колку пати сте помислиле “ова е одлична слика – но штета е што луѓето не се насмевнати”?

Блендата со функција за насмевки ги детектира човечките лица во рамките на кадарот. Притоа се врши автоматско активирање на блендата кога некое лице ќе се насмевне, така што вие не мора да се грижите околу притиснувањето на копчето за фотографирање токму во вистинскиот момент. Можно е дури и да поставите приоритет за снимање на насмевките за возрасни или деца.

Внесете уште поголема забава при снимањето на портрети и семејни фотографии. Блендата со функција за насмевки ќе ви овозможи снимање на многу повесели фотографии.

Дознајте повеќе за блендата со функција за насмевки

Photo TV HD Photo TV HD

Photo TV HD

Направете чекор поблиску до реалноста. Поврзете го вашиот Cyber-shot™ со компатибилен BRAVIA™ High Definition телевизор и уживајте во неверојатно реалистичните фотографии.

PhotoTV HD овозможува прикажување на исклучителни бои, одличен контраст и врвни детали, кои се специјално оптимизирани за вашиот HD телевизор.

Не постои подобар начин за споделување и уживање во вашите скапоцени Cyber-shot™ спомени на големите екрани.

Дознајте повеќе за PhotoTV HD

Picture Motion Browser Picture Motion Browser

Picture Motion Browser

Picture Motion Browser е практична апликација која ќе ви помогне при организирањето на дигиталните фотографии и видео снимки складирани на вашиот компјутер.

Подредувајте и пребарувајте ги вашите слики за неверојатно брзо време. Испратете им ги посебните моменти на пријателите преку e-mail или преснимувајте ги на веб-сајтовите за споделување со само неколку кликнувања со глувчето.

Со Picture Motion Browser вие ќе имате одличен преглед дури и на најголемите збирки на дигитални фотографии.

Дознајте повеќе за Picture Motion Browser

Оптички SteadyShot Оптички SteadyShot

Оптички SteadyShot

Не дозволувајте тресењето на фото апаратот да ги уништи снимките на ретките моменти во животот. Оптичкиот SteadyShot е моќно решение за стабилизација на сликата сместено во внатрешноста на Cyber-shot™, кое овозможува јасна и остра слика при рачното фотографирање.

Благодарение на оптичкиот SteadyShot вие ќе можете да уживате во поквалитетни фотографии со намалени ефекти од тресењето на апаратот. Ова дава одлични резултати кај портретите во затворени простории со природно осветлување, снимките со високо зумирање и во многу други ситуации.

 
 

Новости

Други Sony сајтови

© 2010 Sony Central and Southeast Europe Kft.   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста