Македонија (Промена) | Професионални производи

 
My Sony

My Sony:

 

Магазин

Уживајте со HD на Blu-ray Disc™

Поместување на High Definition границите подалеку од кога било досега

Бидете и вие дел од Blu-ray Disc™ HD револуцијата за извонредно доживување на домашното кино што ќе ги надмине сите ваши очекувања.

 

Домашна забава од наредната генерација


Внесувајќи нов живот кај HD домашната забава, Blu-ray Disc™ уредите овозможуваат кристално чист опкружувачки звук и ненадминат квалитет на сликата. Сликата е неверојатно остра, со пет пати повеќе детали во однос на стандардните DVD дискови.

Ова е најјасниот и најреалистичниот видео формат денес. А благодарение на врвниот звук кој ја надополнува беспрекорната слика, кино доживувањето е навистина "како ниедно друго" - притоа вие ќе го задржите комфорот на вашата дневна соба.

Голем капацитет


Blu-ray Disc™ има многу поголем капацитет во споредба со 4.7GB кај конвенционалните DVD дискови, при што дисковите со единечен слој нудат простор од 25GB, додека дисковите со двоен слој нудат 50GB, со што се добива простор за дополнителни содржини како филмски коментари или интерактивни игри.

Елегантните менија ќе ви овозможат навигација низ овие содржини без воопшто да го прекинувате филмот. Ќе можете дури и да пристапите до таканаречените "бонус" содржини.

Зголемете ја резолуцијата


Доближете се колку што е можно повеќе до оригиналното кино доживување со 1080p Full HD квалитет на сликата, 24 True Cinema и 7.1-канален опкружувачки звук, при што нашите Blu-ray Disc™ плеери истовремено ќе ви понудат репродукција на вашата постоечка DVD збирка но и зголемување на резолуцијата во 1080p со што сликата ќе биде подобра од кога било претходно.

Дознајте повеќе за Blu-ray