Македонија (Промена) | Професионални производи

 
My Sony

My Sony:

 

Магазин

HD звук: објаснување

Водич за HD звукот и објаснување на елементите што го прават посебен

Со квалитет еквивалентен на 10 x DVD, HD звукот на Blu-ray Disc™ ќе внесе неверојатна реалистичност кај филмовите, спортот и игрите.

 

Иднината се вика Blu-ray


Blu-ray дисковите не нудат единствено прекрасна слика – тие исто така се одликуваат и со звук со неверојатен квалитет.

Зошто звукот е подобар и на кој начин се постигнува тоа?

За некомпресираниот звук потребен е голем мемориски простор, кој не е достапен на DVD дисковите. Зголемениот капацитет на Blu-ray дисковите нуди повеќе простор за висококвалитетниот звук.

Да земеме за пример еден филм. Кога филмот се изработува, студиската мастер снимка го задржува квалитетот на звукот на оригиналната снимка – токму онака како што режисерот замислил таа да звучи.

Повеќе простор, подобар звук


Кога истиот филм ќе се префрли на DVD, дискот нема доволен капацитет да го задржи истото ниво на аудио квалитет.

Кај Blu-ray Disc™ капацитетот е 10 пати поголем во однос на DVD дисковите, при што се овозможува трансфер без загуби и задржување на оригиналниот аудио квалитет при репродукцијата во вашиот дом.

Тука се вклучени форматите ‘без загуби’ како Linear PCM, Dolby® True HD и DTS® Master Audio кои се идентични со студиската мастер снимка.

Накусо, HD звукот на Blu-ray Disc™ се карактеризира со 7.1 канали на High Definition аудио без загуби за добивање на врвно доживување при слушањето. Вие ќе го добиете најдобриот можен HD звук.