Македонија (Промена) | Професионални производи

 
My Sony

My Sony:

 

Магазин

Handycam®

Снимете го секој момент во Full HD


Снимете ги вашите спомени во живописна High Definition резолуција со Handycam® HDR-TG3E, најмалата и најлесната Full HD видео камера* на светот.

*Од април 2008, Sony Research.

*меѓу 1920x1080 Full HD видео камерите, од април 2008. Sony Research.

 

Вашиот живот во HD

Снимајте насекаде


Малку поголема од мобилен телефон, стилската Handycam® TG3E камера може лесно да се смести во вашата торба или џеб од јакна, што ја прави идеална за секакви ситуации, почнувајќи од динамичните одмори па сè до семејните собири.

Таа е изработена од чист титаниум, така што е неверојатно лесна, но истовремено и доволно цврста за да се ви овозможи голема практичност при снимањето.

Едноставно користење


Елегантниот дизајн на видео камерата е надополнет со практичниот LCD екран на допир, а поважните функции се поставени на командните копчиња наменети за палецот. Испорачаниот 4GB Memory Stick™ ќе ве ослободи од потребата со себе да носите ленти и дискови. Опционалниот 16GB Memory Stick™ ви нуди можност за сместување на 6 часови Full HD видео содржини.

Мала камера, врвна технологија


Но не дозволувајте да ве залажат малите димензии. Handycam® TG3E не дозволува никаков компромис во поглед на квалитетот на снимањето.

ClearVid CMOS сензорот и моќниот BIONZ процесор на слика создаваат HD слика со врвни детали без разлика дали станува збор за видео или фотографии. TG3E дури врши и снимање на полн Dolby® Digital 5.1 опкружувачки звук.

Сеопфатни можности


Откако ќе го исполните вашиот Memory Stick™ со снимените содржини, можете истите да ги префрлите на DVD диск со само еден допир на копче преку компатибилен PC. Вашите снимки можете да ги погледнете на BRAVIA LCD телевизор во прекрасен HD квалитет со едноставно приклучување на Handycam® TG3E камерата со помош на опционалниот мини HDMI™ кабел.

Sony VAIO дополнително ќе ви го олесни креирањето на висококвалитетни домашни филмови. Новиот Movie Story софтвер го разложува целиот процес на три едноставни чекори, така што вие ќе можете да потрошите помалку време во уредување на снимките и повеќе време уживајќи во резултатите.

Запознајте се подетално со HDR-TG3