Македонија (Промена) | Професионални производи

 
My Sony

My Sony:

 

Магазин

BRAVIA и Cyber-shot™

Споделете ги најубавите спомени во Full HD

Снимањето на среќните моменти и нивното споделување со вашите најблиски никогаш не било полесно благодарение на Cyber-shot™ и BRAVIA PhotoTV HD.

 

Врвни High Definition фотографии

Врвни фотографии уште од самиот почеток


Нашиот најнов Cyber-shot™ T77 дигитален фото апарат располага со бројни интелигентни функции, така што секој корисник за само неколку минути ќе може да добие одлични резултати. Најдобро од сè, вашите фотографски ремек-дела веќе нема да бидат заробени на вашиот хард диск или Memory Stick™.

Со BRAVIA LCD телевизорите кои се компатибилни со PhotoTV HD, вие ќе можете да ги погледнете вашите најнови снимки во прекрасна High Definition резолуција.

Повеќе снимање, помалку проблеми


Со Cyber-shot™ T77, неуспешните фотографии веќе се дел од минатото. Технологијата за откривање на лице врши автоматско прилагодување на параметрите на фото апаратот за добивање на прекрасни снимки со неверојатна јасност. Новата технологија “против трепнување” исто така го намалува ризикот од појава на затворени очи која често е причина за добивање на неуспешни портрети.

Cyber-shot™ T77 ќе ви помогне да снимате повесели фотографии благодарение на новиот режим на бленда за насмевки. Само насочете го T77 и тој ќе изврши автоматско активирање на блендата кога некое лице ќе се насмевне. Оптичкиот SteadyShot ќе ги отстрани проблемите заради тресењето на апаратот.

Споделете го моментот


Откако ќе снимите голем број извонредни фотографии, вие ќе посакате да ги споделите со семејството и пријателите. Нашите BRAVIA LCD телевизори кои се компатибилни со PhotoTV HD ќе ви овозможат најдобар приказ на вашите снимки.

Едноставно поврзете го Cyber-shot™ T77 апаратот со вашиот телевизор со помош на HDMI™ кабел и вашите фотографии ќе блеснат со преубави живописни бои и врвни детали во Full HD квалитет.

Боите, контрастот и острината можат автоматски да се оптимизираат - или пак вие самите можете да го извршите прилагодувањето заради добивање на топол и природен изглед на традиционалните филмови.

Користејќи ја вградената PhotoMusic апликација на фото апаратот, вие ќе можете да креирате интерактивни слајд-шоу презентации проследени со некоја од осумте вчитани песни, а ќе можете и да поставите сопствена песна.

Запознајте се подетално со T77