Македонија (Промена) | Професионални производи

 
My Sony

My Sony:

 

Магазин

Објаснување на BRAVIA опкружувачки звук

Врвна аудио технологија


Почувствувајте го неверојатниот аудио квалитет на вашите HD уреди со помош на BRAVIA опкружувачкиот звук.

 

Linear PCM, Dolby® True HD и DTS® Master аудио форматите се поддржани од страна на Blu-ray Disc™ технологијата, што овозможува пренос без загуби и задржување на оригиналниот квалитет на звукот за врвно аудио доживување во вашиот дом.

Едноставно, HD звукот на Blu-ray Disc™ се одликува со 7.1 канали на High Definition аудио без никакви загуби со што слушањето е навистина извонредно.

Благодарение на интелигентниот виртуелен BRAVIA опкружувачки звук, вам не ви е потребно комплетно домашно кино за да го извлечете максимумот од HD звукот. Вие ќе можете да уживате во неверојатниот звук на домашното кино само со помош на звучниците од BRAVIA телевизорот или аудио системот со предни звучници, бидејќи овие звучници овозможуваат имитирање на ефектот на опкружувачки звук.

Нашиот виртуелен опкружувачки звук е достапен во две софистицирани изведби; Virtual Dolby® опкружувачки звук и S-Force преден опкружувачки звук.

Virtual Dolby® опкружувачкиот звук произведува динамичен и богат опкружувачки звук користејќи ги двата вградени звучници во BRAVIA телевизорот.

S-Force предниот опкружувачки звук оди еден чекор понатаму. За разлика до Virtual Dolby® опкружувачкиот звук, кој создава убедлива илузија на опкружувачки звук, S-Force предниот опкружувачки звук користи прецизни варијации во проектирањето на звукот и неговата јачина за да ги убеди вашите уши дека звукот доаѓа од задната страна, иако звучниците се поставени пред вас.

Користете ги врвните решенија кај системите за домашно кино и исполнете ја вашата соба со извонреден опкружувачки звук.