Македонија (Промена) | Професионални производи

 
My Sony

My Sony:

 

RSS

RSS услови на користење

 

СО ПРЕВЗЕМАЊЕТО НА RSS КАНАЛ ("УСЛУГА") ОД SONY.CO.UK, ЈА ДАВАТЕ СВОЈАТА СОГЛАСНОСТ И СЕ ОБВРЗУВАТЕ ДЕКА ЌЕ ГО ПОЧИТУВАТЕ ОВОЈ ДОГОВОР ("ДОГОВОР"). ДОКОЛКУ НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ ВО ЦЕЛОСТ СО СИТЕ УСЛОВИ НА ОВОЈ ДОГОВОР, НЕМОЈТЕ ДА ЈА ПРЕВЗЕМАТЕ УСЛУГАТА. ДОКОЛКУ ОВИЕ УСЛОВИ СЕ СМЕТААТ КАКО ПОНУДА, ПРИФАЌАЊЕТО Е НЕДВОСМИСЛЕНО ОГРАНИЧЕНО СО ОВИЕ УСЛОВИ.

Sony United Kingdom Ltd како и неговите контролирачки или контролирани фирми родители, филијали и/или подружници (збирно, “SONY”) може да промени кој било од условите и одредбите содржани во овој Договор, во кое било време и со ексклузивна дискреција, објавувајќи известување за промената или нов договор на веб сајтот на Sony. Продолженото користење на Услугата по доставувањето на известување за настанати промени или објавувањето на нов договор на веб сајтот на Sony подразбира обрзувачко прифаќање на промените.

Користењето на Услугата исто така подлежи на Одредбите и условите за користење на веб сајтовите, кои се однесуваат на користењето на Sony веб сајтовите, информативните услуги и содржините. Овие Услови на користење и Одредбите и условите за користење на веб сајтовите, можат да бидат променети од Sony во кое било време без претходно известување.

1. ОДОБРЕНИЕ. Во врска со одредбите од овој Договор и освен доколку не е поинаку наложено од SONY, SONY со ова ви одобрува, за време на траењето на Условите, лиценца која може да биде одземена, не може да се пренесува, не може да се врши под-лиценцирање, нема авторско право и не е ексклузивна, со која ви се одобрува на вашиот веб сајт (“Сајт”) да прикажувате наслови, активни линкови или други идентификатори на извор и други информации и содржини, вклучувајќи ги и промотивните написи кои специфично сте ги избрале да ги добивате од SONY (збирно, “Содржина”) со помош на Услугата, под услов да не вршите никакво менување, уредување или бришење на Услугата. SONY може целосно или делумно да го ограничи, укине или забрани вашиот пристап до Услугата, во кое било време и без никаква одговорност. SONY го задржува правото да ја измени Услугата во кое било време со апсолутна и ексклузивна дискреција на SONY.



2. КОРИСТЕЊЕ НА RSS КАНАЛИТЕ. RSS е бесплатна услуга понудена од Sony за некомерцијална употреба. Секое друго користење, вклучувајќи, без ограничување, вметнување на реклами или индиректно рекламирање поврзано со RSS содржините е строго забрането. RSS каналите мора да се користат како што се дадени од Sony и тие не смеат да се уредуваат или да се врши промена на текстот, содржината или линковите кои се дадени од Sony.

3. ПОВРЗУВАЊЕ СО СТРАНИЦИТЕ СО СОДРЖИНА. RSS услугата може да се користи само со оние платформи каде е понуден функционален линк кој, по пристапувањето, ќе го однесе корисникот директно на сајтот на Sony со прикажување на целосната содржина. RSS содржините не можат да се прикажуваат на начин кој не дозволува успешно поврзување, врши пренасочување или не дозволува испорака на бараната веб страница од сајтот на Sony. Не смеат да се вметнуваат меѓустраници, споредни страници или други содржини помеѓу RSS линкот и дадениот сајт на Sony.



4. СОПСТВЕНОСТ. Sony ја задржува сопственоста и другите права во врска со RSS содржините, како и Sony лого ознаките и заштитените марки кои се користат при обезбедувањето на Услугата. RSS содржините се дадени “како што се”.



5. ПРАВО ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА КАНАЛИТЕ. Sony го задржува правото за престанување на обезбедувањето на Услугата во кое било време и правото да побара од вас престанување на прикажување, дистрибуција и друг вид на користење на Услугата заради кои било причини, вклучувајќи, без ограничување, прекршување на која било одредба од овие Услови за користење. Sony не презема никаква одговорност во врска со вашите активности кои се поврзани со Услугата или со користењето на Услугата на вашиот веб сајт.

Овие услови и содржините на овој сајт подлежат на заштита на авторските права.
© 2006 Sony. Сите права се задржани.