Македонија

My Sony
Ве молиме внесете го ID што го добивте за време на регистрацијата кај Sony
My Sony ID / e-mail адреса

Запомни ме
 

Поддршка

Збогум на AIBO

По појавувањето во мај 1999, првата генерација на AIBO беше во можност да учи од околината и да ги искаже своите емоции.

 

Низ годините способностите на AIBO пораснаа до ниво на интеракција со луѓето и безжична поврзаност со интернет. Напредокот на Sony во полето на вештачката интелигенција доведе до развојот на QRIO, прототип на хуманоиден робот.

Би сакале да ви се заблагодариме за вашиот интерес и ентузијазмот кон AIBO во изминативе седум години. AIBO сè уште ќе може да се набави додека не се потрошат резервите.

Меѓутоа, по март 2006-та ќе престане производството на AIBO роботите за забава. Sony одлучи да ги заврши истражувањата и развојот во полето на роботиката. Сепак, откритијата и напредокот во вештачката интелигенција добиени преку AIBO и QRIO ќе бидат многу значајни за производите на Sony во иднина.

Доколку сè уште сакате да купите дополнителна опрема како на пр. батерии, тоа ќе можете да го направите и по април 2006. Откако ќе се потрошат резервите, AIBO центарот за поддршка сè уште ќе биде во можност да ви ја испорача основната галантерија.

За сопствениците на AIBO ERS-7, најновата збирка на податоци за AIBO ќе се појави во март 2006.

Страницата за превземање http://support.sony-europe.com/aibo/index.asp ќе продолжи да нуди содржини, податоци, како и посебен AIBO софтвер и по април 2006-та. Освен тоа библиотеката на кориснички упатства (документи достапни во PDF формат) исто така и понатаму ќе биде достапна.

AIBO центарот за поддршка на корисниците ќе продолжи со активностите одреден период по повлекувањето на производот.

За дополнителни информации околу престанувањето на подршката за различните модели ве молиме погледнете ги линковите подолу.

Ви благодариме на вашето разбирање.
Sony Entertainment Robot Europe

Детали за повлекувањето на моделите (англиски, француски и германски)